Контакт

Европа

Макрон го озборувал Курц на самитот на ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го озборувал австрискиот канцелар Себастијан Курц на самитот на ЕУ, пишува бриселскиот портал „Политико“.

„Погледнете, нему му е сеедно. Тој дури и не ги слуша другите, има лош став. Тој се грижи само за својот печат“, рекол Макрон, како што објави „Политико“, кога Курц ја напуштил просторијата за состаноци за да разговара за пакет-мерките за закрепнување на економијата на ЕУ предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Макрон исто така ја критикува т.н. група штедливи земји, во која е вклучена и Австрија, споредувајќи ги со поранешниот британски премиер Дејвид Камерон за време на поранешните преговори за буџетот на ЕУ.

Претседателот на Франција истакна дека таквиот начин на однесување може да заврши лошо.

Во исто време тој се нарече себеси лудак во однос на висината на дотациите во фондот за обнова по коронавирусот.

Шефовите на држави и влади на 27 земји членки на ЕУ веќе три дена преговараат за пакетот помош за обнова по корона-кризата, а преговорите ќе продолжат и денес.

Лидерите на ЕУ разговараат за пакетот вреден 1,824 милијарда евра, кој опфаќа повеќегодишен заеднички буџет (1.074 милијарди евра) и фонд за наплата (750 милијарди евра).

Европа

(Видео) Во Шкотска воз излета од шините и се запали, повеќе од 30 амбулантни возила на местото на настанот

Објавено пред

Во Абердиншир, Шкотска, воз излета од шините.

Според првите извештаи, возот потоа се запалил и на местото на настанот била повикана брза помош, пишува „Еј-би-си њуз“.

„Во моментот реагираме на инцидент на линија во Абердиншир, каде што воз излета од шините“, објави британската сообраќајна полиција на „Твитер“.

„Полициските службеници се повикани на местото на настанот во 9.43 часот по полноќ и беа таму заедно со пожарникарите и медицинскиот персонал“, додаде полицијата.

Засега нема официјални информации за повредените, а медиумите јавуваат дека на местото на настанот пристигнале повеќе од 30 амбулантни возила.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Белорусија повеќе од илјада уапсени и над 50 повредени

Објавено пред

Повеќе од 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија, соопшти Министерството за здравство.

„Синоќа се повредени 51 лице, кои се примени во ургентните центри и болниците во Белорусија, а на сите им е укажана целосна медицинска помош. Најчести повреди се скршеници, повреди на меките ткива, екстремитетите, градите и абдоменот“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Министерството за внатрешни работи на Белорусија соопшти дека повеќе од илјада лица, кои учествувале на нелегални демонстрации, се уапсени и задржани во притвор минатата ноќ.

„Во текот на ноќта на 11 август и во утринските часови на 12 август регистрирани се нелегални собири на граѓани на 25 локации. Повеќе од илјада лица, кои учествувале во илегални масовни демонстрации, беа уапсени и приведени“, се вели во соопштението на полицијата.

Истражните органи поведоа 17 кривични пријави против лица што учествувале во напади врз полицајци, се вели во соопштението на полицијата, додавајќи дека демонстрантите се обиделе да го блокираат јавниот сообраќај во Минск и другите поголеми градови во Белорусија.

Прикажи повеќе...

Европа

Борел бара состанок на министрите на ЕУ поради Турција, Белорусија, Либан

Објавено пред

Европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, изјави дека ќе побара вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во петок попладне.

Состанокот го бара поради ситуацијата во источниот Медитеран, Белорусија и во Либан.

„Ќе разговараме за итни работи и решавање на ситуацијата на источниот Медитеран, претседателските избори во Белорусија и развојот на ситуацијата во Либан“, напиша Борел на својот „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет6 часа

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија6 часа

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија8 часа

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија9 часа

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија11 час

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија11 час

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Македонија11 час

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернативата нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија13 часа

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се...

Македонија13 часа

Засега нема воведување на ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести...

Македонија13 часа

Сведоштво на прилепчанка што го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството, кое...

Топ14 часа

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија14 часа

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет15 часа

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија16 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија16 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет17 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет17 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет17 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија18 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Досие