Контакт

Европа

Макрон: ЕУ не инвестира доволно во својата иднина

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Европската унија треба да се разбуди бидејќи станува континент што не верува во својата иднина.

„Ние не инвестираме доволно во нашата иднина“, рече Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен, пренесува „Ројтерс“.

Тој истакна дека би сакал да види Европа што може да го заштити суверенитетот, Европа која е посуштинска и Европа која има ентузијазам за својата иднина.

Макрон рече дека ЕУ треба да го усогласи својот буџет со амбициите за да не заостанува зад САД и Кина, особено во однос на идните технологии.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Холанѓанка со 107 години го преживеала вирусот откако се заразила на миса

Објавено пред

Холанѓанка на возраст од 107 години се опорави од коронавирусот и најверојатно ќе стане најстарата личност во светот која ја прбродила болеста.

Корнелија Рас се разболела на 17 март, ден по нејзиниот 107 роденден, објави холандскиот весник АД, откако била на миса со свои пријатели од старскиот дом во Горе-Оверфлке, остров во југозападниот дел на земјата.

Таа со 40 други лица од домот кои присуствувале на мисата била тестирана како позитивна на вирусот.

Во меѓувреме, дванаесет лица од таа група починале, но лекарите на госпоѓа Рас во понеделникот и соопштиле дека таа ја пребродила болеста.

„Не очекувавме дека ова ќе го преживее“, изјавила нејзината внука Маике де Грут.

„Таа не користи лекови, се уште се движи, а секоја вечер клекнува и му благодари на Господ за долговечноста. Како што стојат работите, се чини дека и натаму ќе може да го прави тоа”, рекла внуката.

Пред Корнелија Рас, најстариот документиран преживеан пациент од коронавирус беше 104-годишниот Американец, Бил Лапшис.

Холандија денека потврди уште 148 смртни случаи од коронавирус, со што сега бројката изнесува вкупно 2.396. Заразени се околу 21.000 луѓе.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Објавено пред

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната недела.

Во Данска моментно има 5.402 инфицирани лица со коронавирус, со досега 218 починати, но кривата на новозаразени почнува да се стабилизира.

Фредриксен вели дека овој потег е со цел да им се олесни на родителите околу грижата за децата додека се на работа.

„За мене е сосема јасно дека наставниците и родителите се плашат од можна зараза. Затоа, децата за време на наставата треба да бидат што е можно повеќе надвор, а во училниците ќе мора да бидат одвоени на соодветно растојание. Училиштата ќе треба да посветат дополнително внимание на хигиената, а оној кој има и најмали симптоми на болеста нека остане дома“, рече премиерката.

Децата од шесто одделение нагоре нема да тргнат на училиште пред 10 мај, а сите завршни испити се одамна откажани. Големите јавни собири во земјата се откажани до август.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанскиот премиер: Го достигнавме врвот на пандемијата

Објавено пред

Шпанија има намера наскоро да почне со олеснување на мерките за ограничување кои се во моментот на сила поради пандемијата на коронавирус, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Го достигнавме врвот и сега почнува падот“, рече Санчез во речиси празниот парламент, бидејќи повеќето пратеници работат од дома. Сепак, тој предупреди дека враќањето во нормален животен тек ќе биде постепено и во согласност со сериозноста на тековната здравствена криза.

„Сега не ни треба чекор назад.“

„Ние се соочуваме со најголемата закана за здравјето на луѓето од грипот во 1918 година. Сега не треба да направиме чекор назад, бидејќи тоа не само што ќе биде неуспех туку и враќање во епидемијата“, рече Санчез, кажувајќи им на опозициските пратеници дека неговата влада работи на план за постепено враќање на Шпанија во некаква форма на нормален живот.

Шпанија во моментов е втора најзагрозена земја во светот, по САД, со речиси 150.000 потврдени случаи на инфекција со ковид-19 и 14.792 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот,...

Македонија11 минута

Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој...

Македонија22 минути

Откриен случај на болеста Њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување...

Македонија1 час

Посебен режим на движење за лицата со попреченост и земјоделците за време на полицискиот час

Владата вчера на седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост. За нив нема да важи забраната за...

Економија2 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија2 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа4 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија5 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет6 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија6 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет7 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион7 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет7 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа10 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија19 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа21 час

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа21 час

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија21 час

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија22 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија24 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Досие