Свет
„Малку се занесе“: Медведев му одговори на Трамп за нападот на Москва
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сигурно не се заканил со никакви „напади врз Москва“ во неговиот дијалог со рускиот лидер Владимир Путин, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, пренесува Спутник.
Тој се осврна на медиумските извештаи дека Трамп изјавил на состанокот со уредниците на „Волстрит журнал“ дека наводно му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе изврши напад врз Москва доколку Русија ја „прогони Украина“.
„Трамп се занесе. Дали навистина зборуваше за „напад на проклетата Москва“? Секако дека не. Обично е питом во преговорите. И постои само еден одговор на таквите зборови: ќе биде погоден и вашиот проклет Вашингтон. Генерално, нашите односи со него се прилично топли“, напиша Медведев на социјалната мрежа „Икс“ и објавата ја пропрати со емотикон кој плаче од смеа.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по повод медиумскиот извештај дека американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп наводно му се заканил на рускиот лидер Владимир Путин дека „ќе ја нападне Москва доколку Украина биде нападната“, рече дека во САД за време на финалето се слушаат многу жестоки изјави во последната фаза од изборната кампања.
Претходно Трамп, потсетува медиумот, изјави дека е во добри односи со рускиот лидер и дека би можел да го реши украинскиот конфликт доколку победи на ноемвриските избори во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

