Свет
Марин Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп во однос на депортациите
Лидерката на француската десница, Марин Ле Пен, денеска изјави дека Франција треба да примени цврст пристап кон земјите што одбиваат да примат депортирани наведувајќи го како пример американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот притисок врз Колумбија да прифати депортации.
Ле Пен посочи дека Франција треба да преземе слични мерки кон Алжир, како што направи Трамп кон Колумбија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за француската телевизија таа рече дека Франција треба да биде поагресивна кон поранешните колонии, како што е Алжир, користејќи ја тактиката на Трамп за примена на санкции и царини за да ги принуди да прифатат депортации.
Според неа, доколку Алжир не се согласи да соработува, Франција треба да го блокира трансферот на пари и да ги суспендира визите за Алжирците и нивните политички лидери.
Ле Пен нагласи дека Трамп успешно ги спроведе овие мерки во првите денови на власт и го критикува францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретахо за недоволно дејствување во однос на имиграцијата.
Според неа, Ретајо би требало да биде поодлучен во решавањето на ова прашање, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп подложен на преглед со магнетна резонанца: „Беше совршено“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека бил подложен на магнетна резонанца, без да каже зошто.
– Беше совршено – им рече тој на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон Токио.
Магнетната резонанца користи магнети и радио бранови за да создаде детални слики од внатрешноста на телото. Може да се користи за следење на голем број состојби.
Порано овој месец, како што анализираат медиумите, лекарот на американскиот претседател изјави дека по медицинската проценка, се утврдило дека Трамп е во „исклучителна здравствена состојба“.
Во јули, Белата куќа откри дека Трамп имал оток во долниот дел од нозете и модринки на десната рака, откако фотографиите го покажаа претседателот со отечени глуждови и шминка што го покрива засегнатиот дел од раката.
Фото: принтскрин
Свет
Дипломатите на Европската Унија лути на Мерц поради Украина
Дипломатите на Европската Унија сметаат дека статијата на германскиот канцелар Фридрих Мерц во „Фајненшл тајмс“ сериозно го отежнала обезбедувањето заеми за Украина од средства од замрзнати руски средства, објавува „Еурактив“.
Според публикацијата, Европската Унија се обидела итно да обезбеди нов кредитен пакет за Киев, но процесот бил блокиран откако Мерц јавно ја презентирал својата иницијатива. „Поради статијата на Мерц во „Фајненшл тајмс“ минатиот месец, ситуацијата почнала да се развива во неочекуван правец уште од самиот почеток“, се наведува во статијата, повикувајќи се на изјавите на европските дипломати.
Еден од изворите на „Еурактив“ проценил дека прашањето за користење на руски средства требало да се реши дискретно, зад затворени врати, а не јавно, како што направил германскиот канцелар.
На 25 септември, Мерц презентираше предлог во британскиот весник „Фајненшл тајмс“ за развој на механизам со кој на Украина ќе ѝ биде доделен заем од 140 милијарди евра, финансиран од замрзнати руски средства. Според неговата идеја, тој заем би бил вратен само кога Русија ќе ја надомести штетата на Украина, додека средствата би останале блокирани сè додека Европскиот совет не донесе поинаква одлука.
Сепак, како што е оценето во дипломатските кругови, оваа иницијатива не само што предизвика поделба меѓу членовите, туку и го отежна постигнувањето консензус за нов финансиски пакет за Киев.
Фото: принтскрин
Свет
Калас: ЕУ разгледува опции за помош на Меѓународниот кривичен суд
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека постои тековен „напад врз меѓународниот правен поредок“ и дека ЕУ разгледува опции за помош на Меѓународниот кривичен суд (МКС).
„Постои широк напад врз меѓународниот правен поредок, човековите права, меѓународно договорените норми и институциите воспоставени за нивно спроведување. ЕУ има долга и силна политика на поддршка на МКС, но таа има и свои недостатоци“, рече Калас за време на нејзиниот говор на Колеџот на Европа во белгискиот град Бриж, пренесува Ројтерс.
Таа истакна дека сите земји од ЕУ се членки на МКС, но дека една од овие земји го започнала процесот на напуштање.
„Една земја-членка ја објави својата намера да се повлече од МКС, но сите земји-членки се правно обврзани со одлуките донесени од Европскиот совет, вклучително и поддршката на МКС во случај на напуштање на судот“, рече таа, осврнувајќи се на Унгарија, пренесува Танјуг.
Калас изјави дека се бараат механизми за судска помош во рамките на ЕУ.
„Во Брисел, моментално ги разгледуваме сите достапни опции, вклучително и конкретни мерки за ублажување, за да продолжиме да го поддржуваме МКС“, рече Калас.
Фото: принтскрин

