Свет
Масовна евакуација од Нагорно-Карабах: повеќе од 13.500 луѓе влегле во Ерменија
Повеќе од 13.500 луѓе веќе влегле во Ерменија од азербејџанскиот регион Нагорно-Карабах, соопштија денеска ерменските власти.
Сè поголем број етнички ерменски бегалци бегаат од Нагорно-Карабах откога Азербејџан минатата недела го зазеде спорниот регион, во кој живеат околу 120.000 етнички Ерменци.
„До 8 часот на 26 септември 13.550 внатрешно раселени лица влегле во Република Ерменија од Нагорно-Карабах. Податоците за регистрација на 11.000 од нив се веќе обработени, а причините за 2.550 лица сè уште се разјаснуваат“, се наведува во соопштението на ерменската влада на социјалните мрежи, пренесува агенцијата „РИА новости“.
Владата на Ерменија соопшти дека „на сите граѓани што немаат однапред одредено место на живеење ќе им се обезбеди соодветно сместување“.
Ерменија е подготвена да ги прифати сите етнички Ерменци, сонародници, кои имаат намера да го напуштат Нагорно-Карабах, изјави претходно ерменскиот премиер Никол Пашинјан во своето обраќање до нацијата.
Околу 120.000 Ерменци од Нагорно-Карабах планираат да заминат во Ерменија бидејќи не сакаат да живеат како дел од Азербејџан и се плашат од етничко чистење, изјави Давид Бабајан, советник на претседателот на отцепениот непризнаен регион.
Бабајан за „Ројтерс“ изјави дека Ерменците не сакаат да живеат во Азербејџан и дека 99,90 отсто од нив ќе го напуштат Нагорно-Карабах поради тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.