Европа
Мас: Германија не треба да и продава оружје на Саудиска Арабија до крајот на истрагата

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, вели дека Германија не треба да одобри продажба на оружје за Саудиска Арабија до крајот на истрагата за смртта на новинарот Џемал Кашоги, објави Ројтерс.
Мас во интервју за германскиот јавен радиодифузер посочува дека нема причина да ја одобри продажбата сѐ додека сè уште не е јасно што се случило со Кашоги, кој на 2 октомври влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и каде според истрага на саудиските власти, тој починал како последица на тепачка која настанала во конзулатот и поради која се уапсени 18 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Салвини се закани дека ќе ја бојкотира „Нутела“ бидејќи не му е доволно италијанска

Италијанскиот десничарски опозиционер, Матео Салвини, се закани дека ќе ја бојкотира „Нутела“, бидејќи нејзините состојки не се сто проценти италијански.
„Се премислив затоа што дознав дека ‘Нутела’ содржи лешници од Турција, па повеќе би сакал да им помогнам на компании кои користат италијански производи“, изјави Салвини на еден јавен собир.
„Повеќе би јадел италијански производи ако со тоа можам да им помогнам на италијанските земјоделци“, додаде 46-годишниот политичар.
Салвини сака јавно да ги истакнува своите прехранбени навики како дел од неговата стратегија на социјалните мрежи. „Нутела“ честопати досега ја истакнувал на фотографии со храна на своите профили на „Твитер“ и „Фејсбук“.
Во видео на „Фејсбук“, тој ги повика „Фереро“ и другите локални компании за храна да набават италијански шеќер, лешници и млеко.
Производителот на „Нутела“ не одговори на забелешките на Салвини. „Фереро“ е најголемиот купувач на лешници во светот, а како што се тврди, количината на лешници во Италија не е доволна за да се задоволат потребите за производство на кремот „Нутела“.
Европа
Возачи на камиони блокираа улици низ цела Франција, судири со полицијата во Париз

Возачи на камиони денеска блокираа патишта во десетина региони низ Франција, изразувајќи на тој начин незадоволство од планираното намалување на даночните олеснувања за дизел горивото за патен превоз, додека сообраќајот на возовите и подземната железница и натаму е нарушен поради штрајкот за пензиската реформа.
Во Париз дојде до судири со полицијата на левиот брег од Сена бидејќи неколку стотици припадници на Жолтите елеци продолжија со своите неделни протести, но во споредба со претходните штрајкови, денеска се собраа релативно малку учесници зошто сообраќајниот штрајк го отежна нивното доаѓање во главниот француски град.
Притисокот од Жолтите елеци поради зголемените трошоци за живот и протестите на синдикатите во врска со пензиската реформа се најголемиот предизвик за претседателот Емануел Макрон и заложбите што тој ги прави за да се избалансира државниот буџет и да се воведе еколошки поприфатлива законска регулатива во втората половина на неговиот мандат.
Здружението „Отре“, се спротивставува на зголемувањето на даноците за дизелот за комерцијални возила, како дел од владиниот предлог-буџет за 2020 година.
Оваа организација се жали дека странските возачи на камиони дома можат да купат поевтино гориво, што им овозможува да бидат поефикасни во Франција.
Во нацрт-буџетот за 2020 година, владата планира постепено да ги намалува даночните олеснувања за горивата на товарните возила меѓу 1 јули 2020 година и 1 јануари 2022 година.
Европа
Во Словачка најмалку петмина загинати во експлозија во зграда

Најмалку пет лица загинаа во денешната експлозија на гас во 12-катна зграда во словачкиот град Прешов.
Речиси 85 пожарникари се борат со пожарот до кој дојде по експлозијата, а евакуирани се сите лица од објектот поради стравување дека зградата може да се урне. Во спасувачките операции учествува и војската со шест хеликоптери, јави „Ројтерс“.
Градоначалничката на Прешов, Андреа Турцанова, изјави дека има голем број повредени во најголемата трагедија во градот во последните 50 години.
Голем е бројот и на оние што останаа без покрив над главата.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци