Свет
Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија
Маја Санду од проевропската Партија за акција и солидарност победи на претседателските избори во Молдавија со освоени 57,75 отсто од гласовите, додека досегашниот претседател Игор Додон освои 42,25 отсто со преброени 100 отсто од гласачките ливчиња, според Централната изборна комисија на земјата, пренесува ТАСС.
Санду и Додон, кој е поддржан од рускиот претседател Владимир Путин, се ривали од 2016 година, кога тој ја победи со тесна разлика на претседателските избори.
Според првичните резултати на молдавската Централна изборна комисија, процентот на излезност во земјата изнесува 52,78, вклучително и на тие што живеат во странство. Во земјата регистрирани се 3.287.140 гласачи.
Конечните резултати се очекува да бидат објавени во рок од 3 дена. Кандидатот кој победи на изборите ќе даде заклетва за 45 дена и ќе ја преземе функцијата претседател.
Молдавија беше погодена од повеќекратни политички кризи и шема на банкарска измама од една милијарда долари (840 милиони евра) што е еднаква на речиси 15 проценти од годишното економско производство.
Вчерашните избори се сметаа за референдум за две спротивставени визии за иднината на земјата меѓу Романија и Украина.
Од стекнувањето независност во 1992 година, Молдавија е поделена на оние кои се за поблиски односи со ЕУ и поддржувачи на посилни врски со Москва. Додека проевропската коалиција беше на власт во земја со 3,5 милиони жители, во 2014 година Молдавија потпиша договор за поблиски политички и економски врски со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев
Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ.
„Вкупниот број на повредени во главниот град сега е 19, од кои 11 се хоспитализирани“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
-Има и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија. Како резултат на нападите, една третина од Киев остана без греење, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.
Русија синоќа нападна неколку региони, вклучувајќи ги Черниговската, Николаевската, Харковската и Житомирската област.
Свет
Белата куќа ја потврди средбата на Трамп со Зеленски за утре
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа.
Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.
Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Повеќе детали не се соопштени. Зеленски овој состанок го најави вчера на социјалните мрежи.
Тој рече дека во таа пригода ќе претстави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главен фокус на средбата ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.
Свет
Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Kyiv is dying – just a few hundred kilometers from the NATO border.
All because Europe is led by the most cowardly and stupid politicians like Merz, Macron, Starmer, Meloni, and Tusk. pic.twitter.com/GqvmYbCwMf
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) December 27, 2025

