Свет
Мајка во одмазничка мисија: Фаќала членови на картел кои ја убиле нејзината ќерка

Мајка од Мексико три години трагала по убијците на нејзината ќерка за да им се одмазди. Миријам Родригез не престанала да бара одговори откако исчезнала нејзината 20-годишна ќерка Карен Алехандра Салинас Родригез. Тaa била киднапирана, а од мајката биле барани пари за нејзино ослободување.
Карен никогаш не се вратила кај нејзината мајка, а во 2014 година нејзиното тело било пронајдено на напуштен ранч во Мексико.
„Њујорк тајмс“ ја објави нејзината неверојатна приказна за тоа како тргнала во опасна мисија за да ја одмазди својата ќерка. Таа најпрво почнала да испитува кој е виновен и одговорен за нејзината смрт.
На самиот почеток на нејзината мисија дошла кај член на локална банда и го молела да ја пушти ќерка ѝ. Тој рекол дека не знае за локацијата на нејзината ќерка, но се понудил да ѝ помогне во потрагата, барајќи пари за тоа. Миријам раскажала дека тогаш платила, а потоа за време на разговор со него слушнала име кое некој го изговорил преку радиоврска – Сама.
Таа веднаш започнала со пребарување на социјалните мрежи. По некое време, го пронашла профилот на некој што го препознала, а го имал тоа име. Ја открила неговата локација – продавница за сладолед на два часа од местото каде што живеела.
56-годишната жена минала неколку недели чекајќи пред продавницата сè додека не се појавил Сама. Го следела до неговата куќа и се преправила дека е официјален изборен претставник додека разговарала со соседите за да дознае повеќе детали за него.
Миријам потоа тргнала да ги испита другите лица кои биле вмешани во смртта на девојката, па решила да го смени својот изглед. Се преправала дека е некој друг, имала лажни лични карти, носела пиштол…
Сето ова било со цел за да се прибилижи до членовите на картелот Зета. Таа отишла дотаму што ги запознала нивните семејства и се обидела преку нив да дојде до потребните адреси.
Успеала да лоцира маж и го пречекала на улица каде му ставила пиштол на челото и му се заканила дека ќе го убие доколку се помрдне. Иако некои членови на картелот се оддалечиле од криминалот и започнале нормален живот, Миријам ги запишувала сите имиња и ги предавала во полиција. Вкупно, таа помогнала во апсење на околу 10 члена на картелот Зета.
Но, еден ден платила висока цена за сето тоа. На Денот на мајката 2017 година, била застрелана 12 пати пред нејзиниот праг. Таа била убиена од еден од луѓето за кои се сомневала дека има врска со смртта на ќерка ѝ.
На крајот, постхумно била наградена со бронзена плакета од нејзиниот град Сан Фернандо во чест на нејзината мисија како инспирација на многумина и поттик во борбата против организираниот криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се удавија 43 мигранти на пат кон Европа

Најмалку 43 мигранти од Западна Африка се удавија крај брегот на Либија, откако се преврте нивниот брод на пат кон Европа. Десет преживеани мигранти се спасени и безбедно се префрлени од крајбрежната стража во Зуара, потврдија од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Високиот комесаријат за бегалци на ООН (УНХЦР).
A “tragic” shipwreck in the Mediterranean Sea off Libya’s coast killed at least 43 migrants bound for Europe, the U.N. migration agency said Wednesday. https://t.co/visgWB0QWi pic.twitter.com/0AAAE7amvB
— Atlantide (@Atlantide4world) January 20, 2021
Агенциите на Обединетите нации повикаа на повторно активирање на државните операции за пребарување и спасување во Средоземното Море и да се спречи за враќањето на мигрантите во „небезбедни пристаништа“. Либија е главната рута за мигрантите кои сакаат да стигнат до Европа.
Свет
Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за кршење на кинескиот суверенитет. Меѓу оние на кои им беа изречени санкции е и Мајк Помпео, пренесува Блумберг.
Како што наведуваат, причината за тоа се „бесмислени постапки со кои опасно се вмешале во внатрешните работи на Кина“, објави кинеското Министерство за надворешни работи.
„Овие лица и членови на нивните семејства не можат да влезат на територијата на Кина, Хонгконг и Макао. Исто така, на нивните компании, институции поврзани со овие лица, им е забрането да имаат какво било деловно работење со Кина”, се вели во соопштението на Министерството.
Кина ја објави оваа информација по инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.
Свет
Холандија бара забрана за летови поради новиот вид коронавирус

Холандската влада бара воведување полициски час и забрана за летови од Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка со цел да се спречи ширењето на нова, позаразна варијанта на вирусот, којашто е причина за најмалку една од 10 инфекции во земјата.
Премиерот Марк Руте изјави дека владата ќе побара забраната за летови да стапи на сила в сабота и да трае еден месец.Бидејќи неговиот кабинет има технички мандат, откако минатата недела поднесе оставка, тој ќе мора да ги убеди пратениците да го поддржат воведувањето полициски час од 20:30 до 4:30 часот.
Дебатата во парламентот се очекува утре, а Руте апелираше за поддршка велејќи дека земјата е „во клучен момент за безбедноста и јавното здравство“. Коалициската влада на Руте, која поднесе оставка во петокот, поради скандалот во кој илјадници семејства беа неправедно обвинети за проневера на додатоци за деца, ќе остане на функцијата сè додека не се формира нова коалиција по општите избори на 17 март.
Доколку парламентот го одобри полицискиот час, Холандија ќе им се придружи на другите земји на Европската Унија во кои тој веќе е на сила, како што се Белгија, Франција, Италија, Грција и делови од Германија.
„Тоа е тешка мерка“, рече Руте. Тој посочи дека никој не сака полициски час, но дека ситуацијата е многу лоша.
Холандија е во карантин веќе еден месец и ќе остане така барем до 9 февруари, но и покрај намалувањето на инфекциите, владата соопшти дека е принудена да преземе построги мерки поради закана од новиот вид коронавирус.Холандија е последната земја во Европската Унија која започна со вакцинација, а досега само 100.000 луѓе ја примиле првата доза.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот