Свет
Мајк Пенс прими вакцина против коронавирус

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, стана највисокиот американски функционер што прими вакцина против коронавирус. Првата доза од вакцината против корона ја прими заедно со неговата сопруга Карен.
„Не чувствував ништо. Добра работа. Ја цениме вашата услуга кон земјата“, рече Пенс директно откако го засука левиот ракав и ја прими вакцината.
Потпретседателот, кој е на чело на работната група за одговор на Белата куќа на здравствената криза, рече дека верува оти историјата ќе го забележи почетокот на крајот на пандемијата оваа недела.
Тој им се заблагодари на другите членови на работната група, вклучувајќи го и водечкиот епидемиолог Ентони Фаучи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ испрати инспекција во фабриката на „Астразенека“ поради доцнењето на испораката на вакцини

Белгиските регулатори почнаа истрага во фабриката за производство на вакцини на компанијата „Астразенека“ близу Брисел. Истрагата ја побара Европската комисија во моментот на ескалација на спорот околу недостигот на вакцини во Европската Унија.
Првата посета на претставниците на белгиската Федерална агенција за лекови заврши во средата во фабриката во градот Сенефе, во провинцијата Ено, соопшти белгиското Министерство за здравство. Земени се примероци и евиденција од фабриката, а во наредните денови се очекува понатамошен преглед на објектот.
Истрагата беше побарана од извршното тело на ЕУ поради сомнежи во образложението на „Астразенека“ за очекуваниот недостиг на испораки на вакцини во ЕУ.
Англо-шведската компанија објави дека ќе може да испорача само околу 25 проценти од договорените 100 милиони дози на земјите членки на ЕУ во првиот квартал поради проблеми во белгиската фабрика во сопственост на француската компанија „Новасеп“. Вакцината на „Астразенека“ се очекува да биде одобрена од Европската агенција за лекови во петок.
Европската комисија засега не се огласи и не потврди дека побарала истрага и зошто.
Белгиските власти соопштија дека сега ќе ги анализираат наодите во соработка со експерти од Холандија, Италија, Шпанија и други земји.
Портпаролката на белгиското Министерство за здравство изјави дека инспекцијата во фабриката „Астразенека“ во Сенефе е извршена со цел со сигурност да се утврди дека доцнењето во испораката навистина се должи на проблеми со производството во белгиската фабрика. Како што додаде таа, истрагата се води во целосна транспарентност.
Регион
Вучиќ: Нe грижете се за ревакцинацијата, ни пристигнуваат 40.000 дози руска вакцина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека утре во Србија ќе пристигнат 40.000 дози руска вакцина „спутник V“, 20.000 за вакцинација и 20.000 за ревакцинација, а и другите вакцини ќе продолжат да пристигнуваат.
Вучиќ исто така најави дека вакцините на „Фајзер“ ќе пристигнуваат сукцесивно – 9.000 дози до 8 февруари, 41.000 до 15 февруари, а други 42.000 се очекуваат на 20 февруари.
„Велам 20 плус 20 затоа што втората доза не е иста како и првата, руската вакцина има различна содржина на таа вакцина, затоа особено внимавајте на првата и втората доза“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека е благодарен за сите вакцини што дошле во Србија, но дека е потребно многу повеќе.
„Имаме 6,5 милиони вакцини во договорите, а не можеме да ја добиеме вакцината. Среќен сум кога земаме 10.000 дози од пријатели, но не можеме да кажеме од кого ги зедовме“, рече Вучиќ во изјава за медиумите во Домот на гардата во Топчидер.
Тој додаде дека сите луѓе кои се вакцинирани не треба да се грижат за ревакцинацијата.
„Ние не си играме со тоа. Добивме совет од лекари кои рекоа вакцина-ревакцинација. Подобро е да се знае дека имаме заштитени 600.000 луѓе, отколку да погодуваме кој од 1,2 милиони е заштитен (ако прими само една доза и не е ревакциниран). Секој што примил вакцина ќе добие ревакцинација“, подвлече Вучиќ.
Свет
Путин: Пандемијата полека се повлекува, но рано е за опуштање

Владимир Путин изјави дека пандемијата на коронавирус постепено се повлекува и дека стапката на смртност во Русија е задоволителна во споредба со другите земји.
„Бројот на заболени се намалува. Бројот на луѓе кои, фала му на Бога, закрепнаа, во последно време го надминува бројот на новозаболени”, рече Путин на владината седница.
Путин посочи дека показателите за пандемијата во Русија се подобри отколку во многу други земји, пренесува РИА Новости.
„Имаме околу 12 пациенти на 100.000 жители. Тоа е четири пати помалку отколку во многу европски земји”, додаде рускиот претседател.
Во исто време, Путин посочи дека е рано за опуштање во борбата против коронавирусот и дека треба да се почитуваат сите мерки на претпазливост и да има резерва на болнички кревети, пренесува ТАСС.
Тој побара од сојузните и регионалните власти да продолжат кохерентно да се борат против ширењето на коронавирусот.
Путин процени дека околу 68 милиони Руси треба да се вакцинираат против коронавирус.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома