Свет
Медведев: ЕУ би можела да исчезне пред да ја прифати Украина

Пристапувањето на Украина во Европската унија е можно само во средината на векот, а дотогаш самата асоцијација би можела да исчезне, изјави денеска Дмитриј Медведев.
Заменик-претседателот на Советот за безбеднодт на Русија на својот „Телеграм“ напиша дека ситуацијата со пристапувањето на Украина во ЕУ е слична на градењето на комунизмот во СССР, датумот на спроведување на овие планови не е именуван, но има многу непроверливи апстрактни услови.
Нивната објективна проверка е невозможна, продолжи Медведев, тие ќе бидат верификувани со децении и тоа ќе го прават новите генерации лидери на ЕУ, затоа „вистинскиот термин е средината на векот, а не порано“, пренесува ТАСС.
„Што ако, да чукнам во дрво, ЕУ исчезне дотогаш? Страшно е да се мисли каков скандал ќе биде тоа, бидејќи какви жртви беа принесени до олтарот за влез во ЕУ и какво изневерување на очекувањата на несреќникот“, додаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
„Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово“ – српските власти обвинуваат дека целта е етничко чистење на Србите

Директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека во текот на ноќта во Поморавље биле фрлени три бомби врз куќи на претставниците и лидерите на Српската листа со цел да ги заплашат и принудат да ги напуштат своите домови.
Петковиќ обвини дека целта е етничко чистење на Србите, кое Курти, како што вели, континуирано го спроведува.
„Најпрвин околу 2.30 часот била фрлена бомба во дворот на Срѓан Ристиќ, директорот на УО ‘Пчелица Маја’, при што е причинета голема материјална штета, но, за среќа, членовите на семејството се добро. Истовремено, бомба била фрлена и врз семејната куќа и гаражата на Владица Аритоновиќ во селото Глоговце, кој е заменик-градоначалник на општина Ранилуг. И тука е причинета голема материјална штета, а во нападот нема повредени.
Во текот на ноќта била фрлена експлозивна направа кон куќата на Зоран Ристиќ од Ранилуг, директор на Центарот за социјална работа, но експлозија немало.
Според Петковиќ, станува збор за брутално заплашување на претставниците на Српската листа, кои, како што посочи, доаѓаат само неколку дена по заканите на Аљбин Курти дека Србите и Српската листа ќе трпат и ќе платат.
„Курти почна да го реализира својот план првин со апсење тројца Срби, а сега гледаме дека се фрлени бомби врз три српски куќи. Очекуваме сериозно да се сфатат и истражат овие заканувачки напади врз претставниците на Српската листа бидејќи тие испраќаат јасна порака и закана до Србите да ги напуштат своите вековни огништа“, рече Петковиќ.
„Канцеларијата ќе ги информира и меѓународните претставници за овие синхронизирани и планирани напади бидејќи таквите дела со карактеристики на тероризам не смее да се сфатат лесно“, додаде директорот на Канцеларијата.
Српската влада објави фотографии од куќите.
Свет
(Видео) Британски турист загина во Австрија: паднал од височина од 90-ина метри

Британски турист сам се качувал на планината Дахштајн во Австрија, а потоа паднал од височина од 90-ина метри и загинал.
Според тамошните медиуми, многу луѓе знаат за ова место и го посетуваат, иако се препорачува само искусните алпинисти да се осмелат на тој чекор.
The stairway to heaven pic.twitter.com/GH4LFVJn9o
— Ally Law (@AllyALaw) September 21, 2023
42-годишниот Британец не успеа да ги освои таканаречените скалила до рајот. И покрај брзото пристигнување на хеликоптерот на местото на несреќата, човекот не преживеал, пишува „Сан“.
„Немаше помош за него. Неговото тело беше извлечено од јамата под скалите“, портпаролот на полицијата го прогласил инцидентот како несреќен случај.
На таа локација, на социјалните мрежи, има повеќе од три и пол илјади означени објави, а пред три години таму е направена фотографија од спортист што балансира на скала без појас, пишува медиумот.
Свет
Во САД откриени делови од мотори за авиони без сертификат, истрага е спроведена и во Европа

Американската федерална управа за авијација (FAA) вчера предупреди дека некои модели на млазни мотори CF6 на Генерал електрик“ може да содржат делови со лажни сертификати барајќи од сопствениците да ги проверат резервите на авионите и делови.
AOG Technics со седиште во Велика Британија продаваше изолатори за моторите CF6 на GE без лиценца, предупреди FAA.
Производителот на млазни мотори CFM International во средата изјави дека AOG Technics можеби продала илјадници делови од моторот со фалсификувана документација. Се сомневаат дека делови за моторите CFM56, произведени од компанијата GE-Safran CFM, и за многу мал број мотори CF6, кои главно се користат за напојување товарни авиони и се произведени од „Генерал електрик“, можеби се продадени без сертификација.
До понеделник беше утврдено дека околу 96 мотори може да содржат делови со фалсификувана документација.
Метју Рив, адвокат на CFM, и неговите косопственици „Генерал електрик“ и „Сафран“, во поднесоците во Високиот суд во Лондон рече дека досега идентификувале два фалсификувани формулара на FAA за стотици делови од моторот CF6.
Овој мотор се користи главно од товарни авиони вклучувајќи го и огромното мнозинство товарни авиони „боинг 767“ и воените авиони за полнење гориво „KC-767“ во флотите на Италија и Јапонија.
Доколку се најдат делови со лажен сертификат во моторите CF6, сопствениците и операторите на авионите мора да ги отстранат и зачуваат, истакна американскиот регулатор.
Европските регулатори соопштија дека ги истражуваат наводите од извештајот дека некои делови испорачани од AOG Technics без валидни сертификати биле пронајдени во моторите CFM56 вградени во некои авиони „ербас“ и „боинг“.
По објавувањето, авиокомпаниите сменија делови на десетици авиони. Досегашните промени вклучија само дел од вкупно 23 илјади мотори CFM56.