Свет
Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам
Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи.
„Условите што Зеленски ги поставува за примирјето се категорични до идиотизам и во принцип неостварливи“, истакна на „Телеграм“ заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, пренесе ТАС С.
Тој рече дека претседателот на Украина бара повторно да се украдат Донбас и Крим како да не е свесен за волјата на нивните жители. Медведев рече и дека сојузот меѓу Германија и Полска, кој ја ескалира ситуацијата околу Украина, ќе има корист доколку таа земја исчезне од картата.
Тој укажа на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Германија нема да го прифати мировниот договор што го наметна Русија, а тоа е истиот став што го има и Украина.
„Зошто на Шолц му треба Украина? Не мора да одите далеку во барањето одговори. Полско-пруската алијанса, која ја ескалира ситуацијата со сите сили и го турка споулавениот Зеленски на сè покатастрофални изјави и акции, би имала голема корист ако државата Украина исчезне од картата“, вели Медведев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

