Свет
Медведев: Шолц и Макрон на ѓубриштето на историјата
Изборите за Европскиот парламент, на кои силите спротивставени на сегашното раководство на Франција и Германија извојуваа убедлива победа и ги испратија германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон „во ѓубриштето на историјата“, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на X.
Според Медведев, изборите за ЕП „ја претставуваат неспособната, идиотска, економска и миграциска политика“ на Шолц и Макрон, кои го поддржуваат „нацистичкиот режим во поранешна Украина по цена на животите на сопствените граѓани“.
„Почекајте и видете што ќе се случи следно“, повика заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, обраќајќи им се на Шолц и на Макрон.
„Време е да поднесете оставка и да одите на буништето на историјата“, заклучи Медведев.
На изборите за Европскиот парламент што се одржаа во неделата во Германија, опозицискиот блок од десниот центар на Христијанско-демократската и Христијанско-социјалната унија извојува убедлива победа, второто место и припадна на десничарската Алтернатива за Германија (AfD), додека Социјалдемократската партија на Олаф Шолц го зазеде само третото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Еден убиен, петмина повредени во пукање во Охајо, напаѓачот е во бегство
Вооружен напаѓач уби едно лице и рани пет во вторникот во зградата на магацин во Њу Албани, соопштија градските власти.
Напаѓачот е идентификуван и полицијата „работи на фаќање на осомничениот“, се вели во соопштението на градската управа на Њу Албани. Сите вработени се евакуирани од магацинот, се додава.
BREAKING: “Active shooter situation at KDC/One” – New Albany PD
Police say there are multiple victims and several people transported to the hospital.
The suspect or suspects are unknown at this time, according to police. They’re asking people to stay away from the area. pic.twitter.com/WxMwSULp8r
— Isabelle Hanson (@IsabelleWSYX6) February 5, 2025
Инцидентот се чини дека е „насочен тип на напад“, изјави началникот на полицијата во Њу Албани, Грег Џонс, за „Ен-би-си 4“, без да даде детали.
Тој додаде дека пред пукањето немало расправија, а не се соопштува ниту мотив.
На местото на настанот е пронајдено огнено оружје, се вели во извештајот.
Петмина повредени се пренесени во болница.
Свет
(Фото) 70% од Газа е уништена
Газа претрпе огромно уништување во текот на 15-те месеци војна.
Повеќе од 46.000 Палестинци се убиени, според Министерството за здравство на Хамас, а голем дел од инфраструктурата е целосно срамнет со земја во израелските воздушни напади.
Сателитскиот центар на Обединетите нации (UNOSAT) објави дека 70% од сите згради во Газа се уништени или оштетени, а 68% од патната мрежа во појасот е оштетена или уништена.
Податоците од здравствениот систем покажуваат дека половина од болниците во Газа се затворени, додека останатите се само делумно функционални – што значи дека многу од оние кои се уште се отворени немаат капацитет да лекуваат хронични болести и сериозни повреди.
Свет
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека САД заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори за оружје.
Зеленски истакна дека американските компании оствариле големи приходи, вклучително и преку лиценцирање, благодарение на огромната побарувачка за оружје и опрема, објави УНИАН.
„Американските компании заработија милиони дури и од лиценци, бидејќи имаат канцеларии во Европа. Значи, тоа се милијарди приходи. И верувам дека војната го донесе тоа“, рече Зеленски во интервјуто за британскиот новинар Пирс Морган.
Тој, исто така, истакна дека САД стекнале вредно борбено искуство во војната, бидејќи во Украина се користело американско оружје, пренесува Танјуг.
Украина има развиено нови технологии, како што се беспилотните летала кои цели на руски воени цели.
Зеленски нагласи дека придонесот на САД во одбранбените капацитети на Украина достигнува 30 отсто, истакнувајќи дека без оваа помош Украина би можела да загуби дел од своите територии, пренесе Укринформ.
Тој зборуваше и за напорите на Украина да го зголеми домашното производство на оружје, кое сега сочинува 40 отсто од вкупното оружје на фронтот, пренесува Танјуг.