Свет
Медински: Набавете учебник за Руте да ја научи историјата на Украина

Помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, предложи на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да му се испрати учебник по училишна историја за да може да научи дека „во 12 век Украина не постоела“.
„Вчера, на пример, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, зборуваше за потребата Русија повторно да го промени преговарачкиот тим со Украина, бидејќи таму „некој историчар држи предавање за историјата на Украина во 12 век“. Знам дека г-дин Руте студирал историја на универзитетот, но сигурно би му испратил учебник по средновековна историја, бидејќи сигурно ќе научи од него дека Украина не постоела во 12 век“, рече тој на меѓународниот форум на министри за образование „Обликување на иднината“ во Казањ.
Медински, кој ја предводи руската делегација на преговорите со Украина, нагласи дека Руската Федерација е „заинтересирана за историјата на сите народи“, особено на земјите од ЗНД, за историјата да не ги разделува народите, туку да ги обединува, за да можат во неа да ги пронајдат сите добри и убави работи што ги направиле нивните предци заедно, и за да овие земји станат посилни, а луѓето да живеат подобро.
Шефот на алијансата вчера изјави, алудирајќи на Медински, дека, според него, за да се стави крај на украинскиот конфликт, рускиот претседател Владимир Путин треба да седне на преговарачката маса, а „не овој историчар кој ја раскажува историјата на Русија и Украина од речиси 12 век“, потсетува руската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.