Вести
Медиум: САД ги хакирале севернокорејските ракети
САД во 2014 година ја засилиле својата кампања од информатички чија цел била саботирање на ракетната програма на Северна Кореја, пишува во саботата The New York Times (NYT).
Претседателот Барак Обама пред заминувањето од Белата куќа на 20-ти јануари го предупредил својот наследник на должноста Доналд Трамп дека севернокорејската закана веројатно ќе биде прашањето коешто првенствено ќе мора да го решава, пишува The New York Times.
Меѓутоа, консултираните експерти се поделени во успешноста на споменатите кибернетички напади. Иако неуспешните лансирања во првите месеци од 2014 година упатувале на успешноста на оваа американска акција, неколкуте подоцнежни успеси на Северна Кореја наведуваат на сомневање во успешноста на потфатот.
Според оцените на некои стручњаци, неуспесите во низа главно биле поврзани со производствени проблеми и со нестручноста на севернокорејските инженери, кои подоцна ги отстраниле недостатоците. Пјонгјанг последните осум месеци успешно истрела три ракети со среден дострел, истакнуваат експертите.
Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун изјави овој јануари дека неговата земја влегла во „последната фаза од подготовката“ за првото испитување на интерконтинентална ракета која може да носи нуклеарна боева глава со кои може да ги гаѓа САД.
„Можеби не се работи за блефирање“, рекле за NYT неименувани експерти.
Повикувајќи се на челниците на администрациите на Обама и на Трамп, и на заклучоците од јавно достапните извештаи, весникот заклучува дека САД во овој момент не се способни да ги запрат нуклеарните и ракетни програми на Северна Кореја.
Пјонгјанг кон средината на февруари го изведе првиот ракетен тест откако републиканскиот претседател Доналд Трамп влезе во Белата куќа. Тој веднаш најави „силен“ одговор за Северна Кореја којашто ја опиша како „голем, голем проблем“.
Резолуциите на Обединетите нации ѝ забранува на Северна Кореја секакви нуклеарни и балистички програми. По првиот севернокорејски нуклеарен тест од 2006 година, на Пјонгјанг шест пати му се наметнувани санкции, но тие не ги натераа да се откаже од своите воени амбиции./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
