Европа
Меркел: Белорусија користи беспомошни луѓе за хибриден напад на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по вторпат разговарала за ситуацијата на границата меѓу Полска и Белорусија со рускиот претседател Владимир Путин порачувајќи му дека Белорусија распоредува беспомошни луѓе со цел, за како што рекла, хибриден напад.
„Меркел му укажа на Путин дека ситуацијата на границата, каде што има стотици премрзнати мигранти на ничија земја меѓу две држави, е предизвикана од Белорусија“, посочил нејзиниот портпарол Штефен Зајберт во соопштение кое го пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Одвратен чин“ – ЕУ го осуди уривањето на браната и ја обвини Русија

Европската Унија денеска го осуди уништувањето на големата брана на југот на Украина, со оценка дека тоа е нов пример за „варварска агресија“ од страна на Русија.
„Ова е нов знак на ескалација, страшен чин кој ја потврдува варварската природа на невидената руска агресија врз Украина“, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано на прес-конференција во Брисел.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за германскиот државен медиумски сервис WDR рече дека уривањето е одвратен чин, додавајќи дека истиот е во согласност и со ескалацијата на руското насилство во Украина и со стратегијата на Путин за напад врз цивилни цели.
Претседателот на Литванија и министрите за надворешни работи на Летонија и Естонија се согласуваат дека уништувањето на браната Каховка во јужна Украина е воено злосторство за кое Русија мора да одговара.
Сепак, тие не понудија докази дека Русија стои зад уништувањето, наведува Ројтерс.
Русија ја обвини Украина.
Европа
(Видео) Во контејнер пронајдена женска глава: син ја искасапил мајка си во Одеса по расправија

Украинската полиција уапси 38-годишен маж под сомнение дека на 30 мај ја убил мајка си, а потоа нејзиното тело го исекол на парчиња и ги фрлил во контејнери низ Одеса.
Грозоморниот случај бил откриен кога граѓанин пријавил дека пронашол женска глава во контејнер додека исфрлал ѓубре.
Полицијата набргу пристигнала на местото на настанот, а потоа почнале да пристигнуваат извештаи дека се пронајдени и други делови од телото.
Набргу било утврдено дека жртвата е 60-годишна Украинка, жителка на Одеса, според медиумите во регионот.
Според сомнежите, нејзиниот син, по расправија, ја удрил неколкупати со секира, а кога таа беспомошно паднала на подот, ја задавил. После тоа, телото го одвлекол во бањата, каде што го исекол телото на парчиња и ги спакувал во вреќи.
Потоа отишол дома и се вратил следниот ден за да ги отстрани деловите од телото.
Полицијата за неполни 24 часа успеала да го идентификува и уапси.
Доколку се докаже дека е виновен, му се заканува затворска казна до 15 години.
Европа
(Видео) Нереални сцени од Турција: големи поплави, уништени згради, надојдената вода го исфрла мебелот од становите

Во последните неколку дена Турција страда од страшни поплави што го зафатија главниот град по обилните дождови, пренесуваат медиумите во регионот.
Портокаловата метеоролошка тревога е во сила во дури 27 провинции, а обилните дождови целосно го парализираа животот во Анкара.
Во изминатите неколку денови спасувачките екипи постојано се на терен и испумпуваат вода од зградите, а многу патишта често се непроодни поради пороите што носеа сѐ пред себе.
Колку е драматична ситуацијата во Турција најдобро сведочи видеото од Анкара, каде што може да се види како водата навлегла во станбена зграда, а потоа водниот бран ја крши балконската врата од станот и водата почнува да го исфрла мебелот.