Свет
Меркел ги поддржа заканите за забрана за извоз на вакцини на „Астразенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја поддржува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заканата дека ќе го блокира извозот на вакцините на „Астразенека“ произведени во ЕУ.
„Имаме проблем со ‘Астразенека’. Ја поддржувам претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен“, истакна Меркел.
Европските официјални лица се бесни што „Астразенека“ не успеа да ги достави договорените количини на вакцина против Ковид-19.
Во предупредувањето до британско-шведскиот фармацевтски гигант минатата сабота, Фон дер Лајан рече: „Пораката до ‘Астразенека’ е прво да го исполни својот договор со Европа пред да почне да доставува до други земји“.
Фон дер Лајен нагласи дека „Астразенека“ доставила само 30 проценти од 90 милиони дози вакцини што ги ветила за првиот квартал од годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „комичар“ кој „ја игра улогата на претседател“.
Во интервју за „Јутуб“ каналот „Домољуб“, Орбан се потсети на своите минатогодишни посети на Украина, Русија, Кина и САД со цел да почне мировна иницијатива, велејќи дека Киев го одбил.
Зеленски, рече Орбан, создал нов тип „политичар-влијателен, актер или комичар“, но дека „неговото претходно искуство не му помага во она што го прави сега, особено не во средината на војна“. Според него, Зеленски „ја игра улогата на претседател“, додавајќи дека двајцата „не успеале да разговараат за подлабокиот контекст“.
Свет
Зеленски се сретна со папата Лав во Ватикан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со папата Лав XIV и му се заблагодари за напорите на Ватикан да помогне во враќањето на децата земени од Русија.
И Зеленски и Лав предложија Ватикан да биде домаќин на мировни преговори за завршување на војната.
Зеленски го посети Лав во папската летна резиденција во Кастел Гандолфо, во ридовите Коли Албани јужно од Рим. Зеленски е во Рим за четвртата Конференција за реконструкција на Украина, која се одржува утре и петок.
Ватикан објави дека Лав и Зеленски разговарале за конфликтот „и за итната потреба од праведен и траен мир“.
„Светиот Отец го изрази своето жалење за жртвите и ги обнови своите молитви и блискост со украинскиот народ, охрабрувајќи ги сите напори насочени кон ослободување на затворениците и барање заеднички решенија“, се вели во соопштението на Ватикан. „Светиот Отец уште еднаш ја изрази својата подготвеност да биде домаќин на претставници на Русија и Украина во Ватикан за преговори“.
Соединетите Американски Држави посочија дека Ватикан би можел да биде домаќин на можни мировни преговори меѓу Украина и Русија, но Москва сè уште не го прифатила ова.
Во разговор со новинарите по напуштањето на папската вила, Зеленски рече дека му се заблагодарил на американскиот папа за напорите на Ватикан да помогне во повторното обединување на децата земени од Русија по инвазијата во 2022 година.
Експертите поддржани од ОН проценуваат дека околу 20.000 украински деца се насилно депортирани или префрлени од окупираните територии на Украина во Русија, иако точниот број е тешко да се утврди.
Свет
Папата Лaв: Светот гори поради вооружените конфликти и глобалното затоплување

Папата Лав денес го прекина двонеделниот одмор за да одржи посебна миса со која ги повикува католиците да се грижат за создадениот свет, за справување со глобалните климатски промени.
„Светот гори поради вооружените конфликти и глобалното затоплување“, рече папата.
„Мора да се молиме за многу луѓе кои сè уште не ја гледаат итноста од грижата за нашиот заеднички дом“, рече папата.
Новиот папа рече дека Црквата со 1,4 милијарда члена е посветена да зборува за ова прашање, „дури и кога е потребна храброст за да се соочиме со деструктивната моќ на владетелите на овој свет“.
Мисата вклучуваше молитва за жртвите од поплавите во Тексас, каде што до вторникот загинаа најмалку 109 луѓе.
Кардиналот Мајкл Черни, висок функционер на Ватикан, кој помогна во организирањето на мисата, за „Ројтерс“ изјави дека одлуката на папата да го скрати својот одмор е знак за важноста што ќе ја придаде на еколошките прашања.