Контакт

Свет

Мечка во САД извлече жена од шатор среде ноќ и ја уби

Објавено пред

Гризли во САД извлекло камперка од шаторот додека таа спиела и ја раскинало на парчиња, пренесуваат тамошните медиуми.

Медицинската сестра Лиа Локан од Калифорнија го загуби животот во близина на градот Ованд во Монтана кога од големо гризли била извлечена од шаторот каде што спиела и потоа ја убило.

Иако другите кампери се обиделе да го избркаат животното со спреј-солзавец, мечката не се откажала од нападот сѐ додека буквално не ја распарчила несреќната Локан, пишуваат агенциите.

Властите претпоставуваат дека истата мечка претходно нападнала кокошарник на земјоделец и изела неколку кокошки, а потоа шетала низ фармата.

Иако камперите го избркале еднаш, гризлито се вратило во текот на ноќта и го нападнало шаторот на жртвата.

Раководството на блискиот национален парк објави дека има намера да ја фати и убие мечката одговорна за нападот, а според отпечатоците од шепите, претпоставуваат дека таа тежи 180 килограми.

Во изминатите 20 години имало само три фатални напади врз луѓе од страна на гризли, иако Монтана е дом на голема популација гризли.

Европа

Задолжително тестирање за сите што се враќаат од одмор, Германија ги заострува мерките од коронавирус

Објавено пред

Германската влада планира да воведе задолжително тестирање за сите што се враќаат од годишен одмор. Никој не ќе може да влезе во земјата без да биде вакциниран, да нема негативен ПЦР тест или ако не го прележал вирусот. Ова заострување е последица на зголемениот број на луѓе кои се заразени од Ковид-19 во последните 19 дена.

Владината портпаролка Улрике Демер претходно изјави дека се размислува за воведување нови мерки, а сега министерот за здравство Јенс Шпан (ЦДУ) најави заострување на правилата за повратниците од годишен одмор.

Тој планира да воведе правило според кое сите што не биле целосно вакцинирани или биле изложени на коронавирусот, ќе треба да покажат потврда за негативен ПЦР-тест при влез во Германија. Засега, ова се однесува само на оние кои доаѓаат во Германија со авион. Ова правило би важело за сите, без оглед дали областа каде што престојувале се смета за ризична или не, пишува „Дојче веле“.

Инаку, Шпан повеќепати ги обвинуваше германските граѓани кои се враќаа од годишните одмори во земјите од Југоисточна Европа за ширење на инфекцијата. Во моментов, ниту една земја во областа не се смета за ризична.

Само министерката за правда, Кристин Ламбрехт, се спротивставува на мерките, сметајќи дека воведувањето на задолжителен негативен ПЦР-тест е „несоодветна мерка“, со оглед на моменталната епидемиолошка состојба во земјата каде се уште е релативно ниска инциденцата на болеста во споредба со првата четвртина од оваа година. Сепак, таа препорачува угостителите во Германија да отвораат ресторани само за гости кои биле целосно вакцинирани. Здружението на германски угостители „Дехога“ остро ја осуди оваа идеја.

Прикажи повеќе...

Европа

Од крајот на пандемијата Велика Британија ја делат само неколку месеци, сметаат епидемиолозите

Објавено пред

Велика Британија е можеби само на неколку месеци до крајот на пандемијата, бидејќи вакцините драстично го намалија ризикот од хоспитализација и смрт, изјави денеска епидемиологот Нил Фергусон од Универзитетот за јавно истражување „Империјал колеџ“.

Премиерот Борис Џонсон верува дека една од најголемите економии во Европа може да се рестартира со полн капацитет поради вакцинирањето на многубројното население, а неговата одлука претставува ново поглавје во глобалниот одговор на коронавирусот.

Бројот на нови инфекции на дневна основа паѓа шести ден по ред, иако Џонсон постојано истакнува дека пандемијата сè уште не е завршена.

„Сè уште не сме надвор од опасност, но равенката радикално се промени“, рече Фергусон.

Според него, вакцинацијата значително ги намали ризиците од болничко лекување и смрт.

„Верувам и сум оптимист дека кон крајот на септември, во октомври, најдолгиот период на пандемија ќе биде зад нас“, рече епидемиологот од Кралскиот колеџ.

Премиерот Џонсон на 19 јули ги укина речиси сите ограничувања од пандемијата на коронавирусот во Англија за да го забрза закрепнувањето на економијата, и тој ден беше наречен „Ден на слободата“.

Доколку неговата одлука се покаже добра, тоа би бил излез од пандемијата, но новата стратегија носи и ризици – може да се појави варијанта отпорна на вакцини и бројот на заболени да го преоптовари здравствениот систем.

Фергусон повторува дека Ковид-19 ќе биде присутен во Велика Британија до октомври и дека ризикот од смрт кај заболените ќе продолжи да постои.

„Но, најголемиот дел од пандемијата ќе биде зад нас“, рече тој.

Велика Британија е на седмото место во светот според смртни случаи од коронавирус.

Прикажи повеќе...

Свет

Столтенберг со уверување до Авганистан: НАТО продолжува да ве поддржува

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес потврди дека разговарал со авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Причината за разговорот е тоа што Столтенберг сака да го увери Авганистан дека НАТО планира да продолжи со пружање поддршка на таа земја во која припадниците на талибанското движење во моментов вршат притисок врз владата во Кабул, која е поддржана и од САД, пренесуваат регионалните медиуми.

„Добро е да разговараме со претседателот Ашраф Гани денес. Безбедносната состојба во Авганистан е сè уште многу предизвикувачка и бара договор преку преговори”, напиша Столтенберг на својот твитер-профил.

Тој потврди дека НАТО ќе продолжи да го поддржува Авганистан преку финансирање, цивилно присуство и обука во странство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија1 час

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија4 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа4 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Спорт4 часа

Крај на 20-годишниот пост – Прво олимписко финале за Македонија

Дејан Герогиевски го прекина 20 годишниот пост на Македонија на Олимписките игри. 22-годишникот од Скопје, го обезбеди сребрениот медал во...

Македонија5 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа5 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт5 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија7 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет18 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа18 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа18 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа19 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион20 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија1 ден

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија1 ден

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија1 ден

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа1 ден

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Досие