Европа
Меѓународните истражители потврдија дека Сергеј Скрипал бил отруен со нервен агенс

Меѓународните инспектори за забрана на хемиско оружје ја потврдија анализата на Велика Британија за видот на нервниот агенс со кој бил отруен поранешниот руски шпион.
Организацијата за забрана на хемиско оружје не го именуваше нервниот агенс како „новичок“, но рече дека се согласува со наодите на Велика Британија за неговиот идентитет.
Русија негираше дека стои зад нападот врз Сергеј и Јулија Скрипал во Салсбери, како што тврди британската премиерка Тереза Мај. Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, рече дека нема сомнеж што било употребено во труењето.
„Не постои алтернативно решение за тоа кој е одговорен, само Русија има средства, мотив и записи“, рече Џонсон.
Тој рече дека Велика Британија ја повикала ОПЦВ да ги тестира примероците за да се обезбеди доследност до меѓународните протоколи за хемиско оружје.
Организацијата ја идентификува токсичната хемикалија со своја комплексна формула, во класифициран извештај кој не е објавен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Силен ветер ја погоди југозападна Франција, без струја останаа 220 илјади домови

Најмалку 220.000 домови денеска останаа без електрична енергија во југозападна Франција кога силен ветер со брзина и до 140 километри на час предизвика големи проблеми, но без посериозни штети.
Според првичните податоци на итните служби, четири лица се повредени кога дрвја паднале врз нивните возила, од кои три полесно во Нова Аквитанија.
Дождот и ветрот во текот на ноќта достигнале кулминација на атлантскиот брег со јачина од 143 километри на час во местото Милау.
За време на најлошиот дел од ноќта, 400.000 домови останале без струја, соопшти компанијата за дистрибуција на електрична енергија „Енедис“.
Од 14 департмани на југозападот од земјата, кои вчера прогласија портокалов аларм, тој и натаму е во сила во осум од нив, главно поради ветер и излевање на реките, соопштија службите.
Европа
Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел му честита на Џонсон

Од кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, му ја честитаа победата на изборите на британскиот премиер Борис Џонсон.
„Честитки до Борис Џонсон за сјајната победа. Се радувам што ќе соработувам со вас за пријателство и силна соработка меѓу нашите народи“, твитуваше портпаролката на Ангела Меркел.
Другите членови на партијата на канцеларката беа помалку ентузијасти, пренесува „Ројтерс“.
Пратеникот Норберт Ротген изјави дека Британците ја донеле одлуката и дека нивниот избор треба да биде прифатен.
„Со победата на Џонсон, брегзитот стана неизбежен“, рече Ротген.
Европа
Во Чешка обвинение против 58 лица поради шверц на кокаин и хероин

Чешката полиција обвини 58 лица за помагање меѓународна криминална група при шверц на големи количини кокаин и хероин во вредност од 90 милиони долари во Австралија и Нов Зеланд.
Криминалната група функционирала на четири континенти, а во Чешка регрутирала курири за транспорт на дрога вредна 2,1 милијарди чешки круни од земји што биле во близина на местото на производство, соопшти полицијата.
Чешката полиција ја спроведе операцијата во соработка со колеги од САД и Австралија.
Четворица курири се уапсени во Австралија и веќе се осудени на казна затвор меѓу седум и девет години, пренесе „Ројтерс“.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија4 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми