Контакт

Европа

Меј: Со компромис да го спречиме Иран да развива нуклеарно оружје

Објавено пред

Постигнувањето компромис со Иран е најдобар начин земјата да се спречи да развива нуклеарно оружје, изјави британската премиерка Тереза Меј.

Во последниот долг говор пред повлекувањето од функцијата што треба да се случи следната недела, Меј оцени дека нуклеарниот договор мора да биде заштитен, пренесе „Ројтерс“.

„Без разлика дали нам тоа ни се допаѓа или не, компромисот останува најдобриот начин да дојдеме до она кон кое сите тежнееме, а тоа е да го спречиме Иран да развива нуклеарно оружје и да ја сочуваме стабилноста во регионот“, истакна Меј.

Европа

Едвард Сноуден посакува Макрон да му даде политички азил

Објавено пред

Едвард Сноуден изјави дека би сакал францускиот претседател Емануел Макрон да му даде политички азил по изјавата на една министерка во неговата влада дека би сакала да го стори тоа, според „Москва тајмс“.

Француската министерка за правда, Никол Белубет, изјави дека ја поддржува идејата за обезбедување азил на Сноуден, но веднаш објасни дека тоа е нејзино лично гледиште и дека не станува збор за официјална понуда.

Сепак, Сноуден во интервју за француското „Интер радио“ изјави дека во 2013 година поднел барање за азил во Франција кај поранешниот претседател Франсоа Оланд.

„Секако дека посакувам Макрон да ми даде азил“, рече тој.

„Но, не станува збор само за Франција, туку за Европа, се работи за системот што го имаме. Заштитата на свиркачи не е непријателски чин. Да му речеш некому како мене добредојде не е напад на Соединетите Држави.“

Во интервјуто пред неколку дена за германски „Ди велт“, Сноуден рече дека сè уште е заинтересиран за азил во Германија, што го пријавил пред неколку години.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) „Ангелитe на пеколот“ протестира во Берлин против забраната за носење значка во јавност

Објавено пред

Неколку стотици членови на мотоциклистичката група „Ангели на пеколот“ од цела Германија протестираат во Берлин против забраната на владата за јавно прикажување на логото на групата.

Мотоциклистите се собрани кај Бранденбуршката порта и многумина од нив носат маички на кои пишува „Слободата е наша религија“.

„Има луѓе во оваа земја што сакаат да ја ограничат нашата слобода поради она што го нарекуваат безбедност, но, едноставно, го добиваат спротивното“, рече претседателот на клубот, Андре Сомер.

Според законот донесен од германскиот сојузен парламент во 2017 година, на членовите на „Ангелите на пеколот“ не им е дозволено да ја носат својата клупска значка „главата на смртта“, односно череп со запален шлем.

Полицијата соопшти дека протестот почнал без инциденти.

Прикажи повеќе...

Европа

Фараж: Брeгзитот ќе биде одложен

Објавено пред

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија повторно ќе биде одложено бидејќи обидот на премиерот Борис Џонсон да склучи конечен договор со Брисел ќе биде одбиен, изјави лидерот на британската Партија за брегзит, Најџел Фараж.

Фараж рече дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври е доведено во прашање бидејќи политичката елита во Лондон планира да издаде референдум од 2016 година кога Велика Британија гласаше 52-48 за напуштање на ЕУ.

Според него, земјата е во најголем конфликт од граѓанската војна во 17 век и ризикува да ја уништи својата Конзервативна партија обидувајќи се повторно да го разгори неуспешниот договор за излез на неговата претходничка Тереза Меј.

„Значи, нема да заминеме на 31 октомври и тогаш навистина сме во неистражени води – дали Парламентот ќе наметне втор референдум или ќе имаме општи избори, навистина не знам“, рече Фараж во интервју за „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет8 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија10 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија16 часа

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија16 часа

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија16 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет19 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија19 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија19 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион19 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ19 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет20 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет20 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион1 ден

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион1 ден

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија1 ден

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија2 дена

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија2 дена

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет2 дена

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија2 дена

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Досие