Свет
Министрите за надворешни работи на Г7 денеска разговараат за Украина
Министрите за надворешни работи на групата седум (Г7) ќе одржат виртуелен состанок за да разговараат за ситуацијата во Украина, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека Јапонија ќе ја претставува министерот за надворешни работи, Јошимаса Хајаши.
Покрај разговорите за ситуацијата во Украина, министрите ќе разменат мислења и за понатамошните процедури и чекори за зајакнување на соработката во рамките на Г7, пренесе ТАС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автомобил се забил во аптека во центарот на Пловдив
Млад човек доживеал несреќа доцна синоќа откако со својот автомобил удрил во излогот на аптека во централниот дел на Пловдив. Инцидентот се случил околу 22:00 часот, јавуваат бугарските медиуми.
Според очевидци, автомобилот се движел со голема брзина кога се судрил со такси, а неколку секунди подоцна продолжил по својот пат и се забил во излогот на аптеката. Продавницата во тој момент била затворена, со што се спречиле повреди.
„Го видов автомобилот – црниот Сеат – како вози многу брзо. Такси доаѓаше зад аголот и возачот нагло закочи, но не можеше да застане. Удри во таксито, а потоа отиде право во аптеката“, изјави очевидецот Иван Чананчалиев за БТВ.
Полицијата извршила увид на местото на настанот. Причините за несреќата се разјаснуваат.
Свет
Поранешниот претседател на Перу осуден на 14 години затвор
Перуанскиот претседател Мартин Вискара (62) е осуден на 14 години затвор за вмешаност во корупциски скандал додека бил гувернер на јужниот регион Мокегва.
Судот, исто така, му забрани на Вискара да извршува јавна функција девет години, како и парична казна.
Се очекува веднаш да почне да ја издржува казната. Но, Вискара навести дека планира да поднесе жалба на пресудата.
„Ова не е правда, ова е одмазда. Но, тоа нема да ме скрши“, напиша тој на социјалните мрежи како одговор на пресудата.
Примање мито за големи проекти
Тој беше прогласен за виновен за земање мито во вредност од над 600.000 долари во замена за доделување договори за големи проекти во Мокегва.
фото: епа
Свет
Воз прегази работници на железничка станица во Кина
Воз удрил и убил 11 работници на железничка станица во Кина, објави Ројтерс.
Двајца други беа повредени.
Инцидентот се случил во јужната провинција Јунан.
Според првичните извештаи, возот, кој тестирал сеизмичка опрема, удрил во работници кои стапнале на шините во градот Кунминг.

