Свет
Мисијата на Иран во ОН: Поддршката за саботажите во Иран може да предизвика ескалација
Алиреза Мирјусефи, министер и шеф на Канцеларијата за медиуми на Иранската мисија во ОН, жестоко го критикува колумнистот на „Блумберг“, Ели Лејк, во врска со неговиот неодамнешен напис, во кој тој ја поддржува саботажата на инфраструктурата на Исламската Република, пренесува „Спутник“.
Колумната на американскиот новинар, објавена на 13 јули, е со наслов „Саботажата во Иран е попосакувана од договор со Иран“. Во написот Лејк пишува за неодамнешната серија инциденти во Иран вклучувајќи ја и експлозијата во нуклеарниот комплекс „Натанз“. Новинарот тврди дека ова покажало оти има подобри начини да се фрустрира нуклеарната амбиција на Исламската Република.
Во својата реакција објавена во „Блумберг“ минатата недела Мирјусефи тврди дека колумната на Лејк спротивно на сите новинарски стандарди поттикнува насилство, терор и саботажа и прави голем број фактички грешки и претпоставки.
Министерот тврди дека фалењето за убиството на нуклеарните научници и поттикнувањето саботажи на иранската инфраструктура се нехумани, варварски акти, што промовираат насилство и тероризам. Тој очигледно алудира на извадокот од колумната на Лејк, во кој авторот ги спомнал случувањата на 2010 година кога израелски Мосад изврши серија атентати на ирански нуклеарни научници.
Мирјусефи предупреди дека ваквите мерки само ги држат тензиите високи и може да поттикнат ескалација. Во врска со инцидентот во „Натанз“, министерот потсети дека Техеран вети решителен одговор ако се заклучи дека некој режим или влада имаат удел во инцидентот, директно или индиректно.
Покрај тоа, тој го критикува Лејк поради неговите тврдења дека еден од неодамнешните инциденти во Иран наводно бил насочен кон подземен истражувачки објект за хемиско оружје.
Според Мирјусефи, Иран е најголемата жртва на напади со хемиско оружје во современата историја“, благодарение на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и со срамната помош од западните земји.
„Иран нема програма, ниту планира да произведе хемиско оружје, а тврдењата во колумната не се само бизарни, туку целосно погрешни“, истакна Мирјусефи.
Тој потсети дека токму Трамп унилатерално ги повлече САД од историскиот нуклеарен договор за Иран од 2015 година и ја прекрши Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност.
Повлекувањето на САД од ЈЦПОА предизвика разочарувачки тензии меѓу Техеран и Вашингтон, кои ескалираа кога врвниот ирански генерал Касем Солејмани загина во американскиот напад со беспилотни летала овластен од претседателот Трамп на почетокот на јануари.
Што се однесува до инцидентот во „Натанз“, има непотврдени извештаи дека САД или Израел стојат зад експлозијата. Техеран, пак, предупреди дека ако истрагата открие дека странски елементи биле вмешани во експлозијата, ќе има последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.
Свет
Мерц: Меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои
Германија мора да се наметне и да преземе поголема одговорност во преобликуваниот светски поредок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
За време на својот говор на конференцијата на неговата партија, Христијанско-демократската унија (CDU), тој оцени дека меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои, пренесува Ројтерс.
„Ова ќе доведе до создавање нова голема стратегија за Германија во обединета Европа. Покажуваме храброст да ја обликуваме иднината и храброст да се наметнеме“, рече Мерц.
Конгресот на ЦДУ се одржува денес и утре, 21 февруари, и тоа е првиот голем состанок на партијата откако Мерц ја презеде функцијата канцелар во мај минатата година, пренесува Танјуг.
Регион
Вицепремиер во новата бугарска влада поднесе оставка само еден ден по положувањето заклетва
Бугарскиот вицепремиер Стоил Цицилеков, поднесе оставка 24 часа откако положи заклетва во парламентот и ја презеде функцијата.
„Чесните избори се поважни од секој поединец“, изјави тој на брифинг, образложувајќи ја својата одлука.
Во врска со обвинувањата упатени против него – поврзани со поседување марихуана и управување возило во алкохолизирана состојба – Цицилеков изјави дека има чисто досие.
„Немам обвиненија, немам пресуди, немам важечки ограничувања во моментов“, рече тој и додаде дека во случајот незаконски биле користени архиви и објавени лични податоци. Цицилеков истакна дека неговото професионално искуство не било доведено во прашање и најави дека ќе ги бара своите права по судски пат, пренесува „Инвестор.бг“.
Пратеници од партијата „Има таков народ“ ги објавија обвинувањата против Цицилеков и коментираа дека имаат сомнежи оти тој има забрана да учествува во мисии на Европската унија за набљудување избори.
„Чесните избори се приоритет за оваа влада“, изјави вицепремиерот, посочувајќи дека својата одлука ја усогласил со привремениот премиер Андреј Ѓуров. По разговори во тимот било оценето дека личноста на вицепремиерот за чесни избори може да ѝ наштети на каузата, по што Цицилеков поднел оставка.
Нападите врз него се насочени кон Владата и кон спроведувањето чесни избори, изјави и премиерот на привремената техничка влада, Андреј Ѓуров.
„За нас има нешто многу поважно од политичката битка и од тоа кој ќе извлече краткорочни политички поени од овој чин“, додаде тој.
Претходно денеска, претседателката Илијана Јотова изјави дека ќе потпише барање за оставка од Стоил Цицилеков. Таа претходно посочи дека не сноси одговорност за составот на кабинетот, но повика на соодветни мерки доколку обвинувањата се покажат како основани.

