Контакт

Свет

Млада украинска двојка шахисти почина од задушување со гас за смеење

Објавено пред

Дваесет и седумгодишен Украинец, првак во шах, и неговата 18-годишна девојка, се пронајдени мртви во нивниот стан во Москва, пренесе Би-би-си. Се претпоставува дека починале од труење со гас за смеење.

Станислав Богданович и неговата девојка, Александра Вернигора, која исто така професионално се занимава со играње шах, се пронајдени мртви, а покрај нив имало балони со азотен оксид.

Вернигора студирала на државниот факултет во Москва, а Богданович беше првак до 18 години на првенствата во Украина и освоил многубројни меѓународни турнири и награди. Тамошните медиуми пишуваат дека Богданович неодамна бил критикуван бидејќи на меѓународниот натпревар ја претставувал Русија и тогаш ја победил Украина.

Инаку, азотниот оксид, со кој се затруле младите Украинци, првпат се користел во 1844 година како анестетик, а сега се користи како рекреациска дрога. Од таквата употреба досега умреле многу луѓе, а може да предизвика тешкотии со дишењето, забрзување на работата на срцето и изгореници.

Свет

Ги изгубил изборите, а бил единствен кандидат

Објавено пред

Иако единствен кандидат за градоначалник во малата општина Лезина- гратче од 6.000 жители, член на партијата „Лига“, Примијано ди Мауро, сепак изгубил на изборите.

За да бидат важечки резултатите од локалните избори, било неопходно да гласаат најмалку 50 проценти од гласачите, но во оваа мала општина само 49 проценти од населението излегло да гласа.

Така, победата која изгледала сигурна, со оглед дека немал конкуренција, се претворила во бизарна и најверојатно единствен пораз, бидејќи немал противкандидат.

Весникот што ја пренесе оваа вест, која е во рубриката „верувале или не“, пишува дека победиле оние кои ги бојкотирале изборите, односно не го искористиле своето демократско право да гласаат.

Апстиненцијата била фаворизирана од страна на две групи локални политичари – „Поинаква Лезина“, која е блиска на партиите од десниот центар и другата група – „Но кворум“, по политички уверување блиска до Демократската партија.

Бидејќи не е избрана локална влада, гратчето Лезина ќе го водат таканаречени – комесари.

Поразот без противкандидат стана хит на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Свет

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Објавено пред

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври, е објавено од Брисел.

Оттаму наведуваат дека припадник на обезбедувањето на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е позитивен на коронавирус.

„Бидејќи службеникот од обезбедувањето бил во постојан контакт со претседателот, Шарл Мишел е во карантин“, објави портпаролот на Мишел, Баренд Лејтс, на „Твитер“.

Лејтс додал дека Шарл Мишел редовно се тестира и дека вчерашното тестирање покажало дека е негативен на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Свет

Џонсон ја вади војската на улица: Се наоѓаме на опасна пресвртница

Објавено пред

Британскиот премиер, Борис Џонсон, претстави поостри мерки за спречување на ширењето на епидемијата. Како што најави, новите поостри мерки би можеле да останат во сила шест месеци.

„Се наоѓаме на опасна пресвртница во борбата против коронавирусот и овие мерки би можеле да останат во сила шест месеци, што подразбира дека ќе важат за време на Божик и Нова година“, порача Џонсон.

Тој им препорача на граѓаните доколку се во можност, да работат од дома, а рестораните и кафулињата да затвораат порано, во 22 часот, за да се спречи брзо ширење на вториот бран на вирусот и гостите да се служат само на масите.

Колку е сериозна ситуацијата, сведочи и податокот дека војската добила овластувања да ѝ помогне на полицијата во спроведување на заострените одредби.

„Го задржуваме правото да распоредиме поголема сила со значително рестриктивни мерки“, рекол Џонсон пред пратениците.

Овие мерки се носат само еден ден откако здравствените експерти предупредија дека Британија ќе се соочи си експоненцијална растечка стапка на смртност во рок од неколку недели ако не се преземат итни мерки. Доколку се случи тоа, тие до ноември ќе имаат дневно 50.000 новозаболени и 200 починати.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија4 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија7 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија7 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет7 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа9 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт9 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија9 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија10 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет10 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија11 час

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија11 час

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија12 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија21 час

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет1 ден

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија1 ден

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија1 ден

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Досие