Свет
Молдавија алтернативен пат за мигрантите?
Молдавија ќе стане алтернативен пат за нелегалните мигранти откако Европската унија постави бариери на јужната граница, стои во Националната стратегија за јавниот ред и безбедност за периодот 2017-2020, објавенa денеска од страна на Владата на Молдавија.
Како што се тврди натаму, мигрантската криза предизвикала нови причини за аларм и може да биде полоша поради влошените односи меѓу Турција и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
