Европа
„Морало да си ги загреат рацете да не ја разбудат, не смееле да си стават парфем“: хорор-детали од судењето на 51 маж за силување жена
Дури десет години 71-годишниот Доминик П. ја подведувал својата сопруга Жизела (72) и дозволувал десетици непознати мажи да ја силуваат во брачниот кревет откога ќе ја дрогирал. На вкупно 51 наводен силувач, заедно со нејзиниот сопруг, им се суди во Авињон, Франција. Секој од нив се соочува со 20 години затвор.
На првиот ден од судењето јавниот обвинител и дел од 60-те бранители сакаа да ја исклучат јавноста: се работеше за екстремно насилство. Но, адвокатот на Жизела П. во нејзино име го одби тоа.
„Таа сака сите да знаат низ што поминала“, рече тој по што судот одлучи судењето да биде отворено за јавноста.
Перверзните фантазии на пензионерот од Мазан, заедница од 6.200 жители на југот на Франција, кои ги извршил врз својата беспомошна сопруга, сега ќе бидат испитани во текот на 69-дневното судење.
WARNING, GRAPHIC CONTENT: The alleged victim Gisele P, 72, waived her anonimity and appeared in court for the first time as Dominique P, 71, is accused of orcherstrating a horrifying rape ringhttps://t.co/0uJAbOWRbg pic.twitter.com/JEgaQfEIPX
— Daily Star (@dailystar) September 2, 2024
Според весникот „Либерасион“, Доминик П. наводно разговарал со доктор за овие болни фантазии во текот на истрагата.
Во почетокот Доминик П. ја дрогирал сопругата со апчиња за спиење за да може да ја малтретира со одредени сексуални практики, што таа ги одбила. Потоа открил дека ужива кога гледа како некој друг ја допира неговата сопруга.
Користел интернет-форуми за да покани непознати во нивната спална соба за да ја силуваат неговата сопруга. Некои го направиле тоа еднаш, некои повеќепати. Не смееле да се паркираат пред куќата, да си стават парфем или да пушат за да не забележат соседите и сопругата.
Но, постојаната анестезија што пензионерот ѝ ја давал на сопругата, најчесто со помош на седативи, не поминала без последици.
„Едно утро се разбуди во паника со нова фризура не разбирајќи како е тоа можно“, рекол Стефан Бабоно, адвокатот на Жизела П., пренесоа француските медиуми.
Таа отишла кај својот фризер, кој со целосна згрозеност ѝ одговорил дека таа била кај него вчера. Жизела не се сеќаваше на тоа.
Man accused of recruiting dozens of strangers to rape his wifehttps://t.co/8DE7pNADRx
— jahbalon (@Jahbalon) September 2, 2024
Во текот на 10 години посетувала неколку лекари, секогаш придружувана од својот сопруг, кој губењето на свеста и затемнувањето секогаш ги објаснувал како знак на стрес. Роднините дури се плашеле дека Жизела ги покажува првите знаци на деменција.
Нејзиниот сопруг на крајот бил осуден откога снимал жени во супермаркет. Полицијата потоа погледнала во неговиот компјутер и открила дека Доминик ги снимал силувањата на сопругата и внимателно ги категоризирал видеата на својот компјутер. Ова им овозможи на истражителите да докажат 92 злосторства и да идентификуваат 51 осомничен. Сега им се суди на сите заедно.
Двајцата беа пар 50 години. Жизела поднесе барање за развод и сега се соочува со своите силувачи во судницата.
Се викаат Пол, Џозеф, Патрик… Тие се пожарникар, бизнисмен, водоинсталатер. 51 претежно обични мажи, на возраст од 21 до 68 години, осомничени за силување на истата жена.
Пред силувањето морале да си ги загреат рацете во топла вода за жртвата да не се разбуди.
Многумина од осомничените се во брак, татковци, само неколкумина се со претходни пресуди. Некои од обвинетите рекоа дека мислеле оти тоа е игра, дека жената сакала така да се случи. Сопругот Доминик го негира тоа тврдејќи дека секој посетител знаел дека неговата сопруга се дрогира.
Судењето ќе трае 69 дена, а пресудата се очекува во декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.