Свет
Москва и Техеран заинтересирани за целосна обнова на нуклеарниот договор во Иран
И Москва и Техеран се заинтересирани за целосно обновување на иранскиот нуклеарен договор, познат и како Заеднички сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на состанокот со неговиот ирански колега Џавад Зариф, пренесува „Спутник“.
„Спасот на ЈЦПОА е една од најакутните теми на агендата. И Русија и Иран се длабоко заинтересирани за целосно враќање на земјите потписнички кон исполнување на нивните обврски согласно договорот“, рече Лавров.
Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, пак, изрази благодарност до Москва за нејзината конструктивна и непоколеблива позиција по прашањето на ЈЦПОА.
Рускиот министер за надворешни работи истакна дека поради улогата на Москва и на Техеран во регионот, двете држави се заинтересирани и за проширување на дијалогот за низа други прашања, како што се безбедноста во Персискиот Залив, решавањето на домашниот конфликт во Авганистан и состојбата во Нагорно-Карабах.
Иако новиот американски претседател Џо Бајден изрази интерес за преговори за враќање на иранскиот нуклеарен договор, Вашингтон допрва ќе започне разговори со Техеран. Договорот претрпе голем удар во 2018 година, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја повлече својата земја од договорот и наметна санкции кон Исламската Република.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

