Свет
Москва предупредува: Поради авантурите на НАТО, украинската криза може да се прошири
Украинската криза може да се прошири како резултат на авантуристичките акции на земјите од НАТО, изјави за „Спутник“ заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.
Според неговите зборови, изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можното испраќање војници во Украина „укажува на подготвеност да се оди по патот на ескалација во време кога самиот Запад претрпува стратешки пораз на теренот“. Грушко оцени дека ваквите зборови се неприфатливи.
„Поради авантуристичките дејства, дури и на една или две земји на НАТО, украинската криза може да се прошири надвор од нејзините географски граници и да добие сосема поинакви димензии“, рече рускиот дипломат.
Како што истакна, ситуацијата во односите меѓу Русија и НАТО „предвидливо и намерно“ се влошува.
„НАТО почна хибридна војна против Русија. Вашингтон и неговите сателити направија сè за да ги сведеме нашите канали за соработка и дијалог на критично нула ниво“, изјави Грушко.
Сепак, според него, Москва нема намера да влезе во воен конфликт со алијансата.
„Дали воениот блок е подготвен за отворен конфликт со Русија – тоа треба да го побараат самите претставници на НАТО. Во секој случај, немаме такви намери кон земјите членки на алијансата“, изјави рускиот дипломат.
Во исто време, тој рече дека ниту една закана од НАТО за безбедноста на Русија нема да остане без одговор.
Во последно време на Запад сè почесто се слушаат идеи за директен вооружен конфликт меѓу НАТО и Русија. Кремљ објави дека Русија не претставува закана, дека никому не се заканува, но дека нема да игнорира дејства што се потенцијално опасни за нејзините интереси, пренесува „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

