Контакт

Свет

Москва ја забрани ноќната работа на угостителите за два месеца

Објавено пред

На рестораните и ноќните клубови во Москва ќе им биде забрането да работат од 23 часот до 6 часот наутро во текот на два месеца.

Одлуката е донесена со цел да се потисне ширењето на Ковид-19, објави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин.

Собјанин во порака што ја објави на неговата лична веб-страница наведе дека овие мерки ќе бидат во сила од 13 ноември оваа година до 15 јануари 2021 година, пренесува „Ројтерс“.

Исто така, студентите треба да имаат часови од далечина, односно преку интернет, во одредениот временски период.

Русија денес објави 20.977 нови инфекции со коронавирус и 368 смртни случаи.

Со вкупно 1.817.109 заразени, оваа земја е петта во светот според бројот на заразени од коронавирус, веднаш зад САД, Индија, Бразил и Франција, додава британската агенција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Чавушоглу: Третманот на нашиот брод е неприфатлив

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при што го оцени за неприфатлив незаконскиот претрес на турскиот брод на Медитеранот,  пренесува „Дејли сабах“.

Чавушоглу се огласи преку официјалниот профил на „Твитер“ и се осврна на телефонскиот разговор со генералниот секретар на НАТО.

Тој наведе дека за време на разговорот зборувале за претресот на турскиот брод, како и за подготовките за состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на НАТО, кој ќе биде одржан наредната недела.

„Нагласив дека третманот на нашиот брод е неприфатлив. Разговаравме за актуелните случувања во врска со источен Медитеран, Авганистан, Либија и со Нагорно-Карабах“, наведе Чавушоглу.

„Анкара ќе ги преземе потребните чекори на сите полиња против операцијата ИРИНИ на ЕУ поради нелегалното претресување на бродот под турското знаме кој пловеше кон Либија“, соопшти вчера Советот за национална безбедност на Турција.

Советот најостро го осуди незаконскиот претрес на бродот минатата недела од страна на германската фрегата, која е дел од операцијата ИРИНИ, чија наводна цел е спроведување на ембаргото на ОН за оружје кон Либија.

Бродот под турското знаме превезувал во Либија бои и материјали за боење и хуманитарна помош, а операцијата на ЕЕ соопшти дека не биле најдени нелегални материјали.

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган: Турција e заинтересирана за руската вакцина против Ковид-19

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека телефонски разговарал со својот руски колега Владимир Путин за прашањето за увоз на руски вакцини против коронавирусот.

„Вакцините се развиваат во Русија, Кина, во нашата земја. Зборуваме за увоз на вакцини со странски колеги, а разговарав и со Путин. Внимателно ги следиме резултатите од употреба на вакцините и се надевам дека набргу ќе можеме да ги користиме во големи количини во нашата земја“, изјавил Ердоган, а пренесува „Спутник“.

Телефонскиот разговор меѓу лидерите на Турција и Русија се случил на 24 неомври, а како што претходно објавија од прес-службата на Кремљ, Путин и Ердоган се заложиле за понатамошна соработка во борбата против Ковид-19, со приоритет во координацијата за развојот и производството на вакцини.

Претходно, прес-службата на Министерството за здравство на Русија објави дека Турција е заинтересирана да го почне производство на вакцината против Ковид-19 – „спутник V“ – во турските фабрики за производство на лекови.

Прикажи повеќе...

Европа

Лукашенко: Заминувам по донесувањето на новиот устав

Објавено пред

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека, според новиот устав, тој повеќе нема да биде на таа функција, пренесе руската агенција РИА.

„Не донесувам никаков устав за себе. Нема да работам како претседател со новиот устав. Затоа, смирете се, мирно поднесете го тоа“, рече Лукашенко.

Тој исто така изјави дека никогаш нема да дозволи со усвојувањето на новиот устав некој да зборува за изборите дека се наместени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите, истакна денеска министерката за одбрана...

Македонија1 час

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија1 час

Ахмети: Верувам во европските вредности на Бугарија и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение

Премиерот Зоран Заев ја ризикува својата политичка кариера, само за да го деблокира патот на земјата за интегрирање во Европската...

Македонија2 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиевски, Ристовски и Вељановски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атансовски се...

Економија5 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија6 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет7 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет8 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет8 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет8 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт8 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет8 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет9 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија20 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија22 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија22 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа23 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион1 ден

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија1 ден

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Досие