Контакт

Свет

Набљудувач на ОБСЕ шокиран од шведските избори: „Никогаш не сум видел таков недемократски систем“

Објавено пред

Шведските избори првпат беа набљудувани од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), па набљудувачите изразија шокираност од недемократскиот систем на нацијата, пренесува „Брејбарт“. Данскиот делегат Мајкл Аструп Јенсен, кој претходно ги следеше изборите во Русија и во Источна Европа, изјави за „Берлинске“:

„На ниедно од многуте изборни набљудувања на кои сум бил не сум видел такво нешто кое не е ни блиску толку недемократско како шведскиот систем на гласање“.

Јенсен, кој е портпарол за надворешна политика во данската владејачка Либерална партија, рече дека главниот проблем во шведскиот изборен систем е недостигот од приватност за граѓаните што гласаат. Одделни партии имаат одделни гласачки ливчиња во Шведска, а изборот се одвива јавно бидејќи избирачите мора да ги одберат своите гласачки ливчиња пред да ги стават во гласачка кутија.

„Ова ни оддалеку не личи на европските изборни стандарди или на нешто што би го дозволиле дури и во Источна Европа“, рече тој.

Јенсен, надвор од официјалните должности за набљудување, посетил неколку избирачки места во Малме за со свои очи да види како се одива гласањето, а пред гласачките места видел застанати голем број партиски војници кои се обидувале да им дадат гласачки ливчиња на гласачите на своите партии. Како претседател на данската делегација во Советот на Европа, организацијата одговорна за Европскиот суд за човекови права, Јенсен се надева дека ќе го привлече вниманието кон проблемите со шведскиот изборен систем.

„Ќе го потенцирам проблемот во Советот на Европа за да можеме да ги испратиме најсилните можни сигнали до Шведска дека треба да ги воведе правилата што се применуваат во Данска и практично во секоја друга земја во светот“, рече тој.

Свет

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Објавено пред

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во Сенатот се прогласи за преоден претседател на Боливија и покрај немањето кворум за нејзин избор, откако сенаторите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес одлучија да го бојкотираа гласањето.

Моралес вчераутро замина за Мексико кадешто му беше одобрен азил. Тој претходно даде оставка под притисок на антивладините протести заради обвинувањата за измама на претседателските избори од 20 октомври.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Уганда уапсени 67 лица по рација во геј-бар

Објавено пред

Во бар во Уганда уапсени се 67 лица од ЛГБТ-заедницата, кои ќе останат во затвор под обвинение за „општо загрозување“, соопштија денеска активисти за човекови права во Кампала.

Полицијата и војската во неделата спровеле рација во бар во главниот град Кампала, каде вообичаено се собираат припадници на ЛГБТ-заедницата.

Тогаш биле приведени 125 лица, но подоцна 58 се ослободени.

Полицијата тврди дека причина за акцијата била проверка на употребата на тутун, кој е забранет на јавни места, но и поради употреба на опијати во тој локал.

Судија во Кампала соопшти дека уапсените се товарат за „општо загрозување“, што според адвокатите е многу нејасна формулација.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген, ја загрозуваат надворешната политика на Албанија, поради свои внатрешно-политички интереси, пренесува српски „Блиц“.

Рама за албанската телевизија „Топ ченел“ изјави дека долго време му објаснувал на Албин Курти, лидерот на Самоопределување и кандидат за премиер на Косово, во што се состои значењето на процесот мини шенген и порача оти би бил многу изненаден доколку тој не го разбира тоа, затоа што, како што кажа Рама, Курти е доволно интелигентен.

„Ако тој се преправа дека разбира или не разбира, тоа е негов избор, но се чини дека надворешната политика со Албанија ја користи за внатрешна политика. Не верувам дека ова е најдобро, ќе имаме време да разговараме и да ги продлабочиме дискусиите“, истакна Рама.

Коментирајќи ја изјавата на Курти за отворање на границите меѓу Албанија и Косово, албанскиот премиер рекол дека такво нешто не може да се направи без согласност на Србија.

„Ако Курти сака да отвори граници, тогаш мора да има согласност од сите држави“, рече Рама.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија22 минути

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Македонија11 час

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион11 час

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион14 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа14 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија17 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија18 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија20 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ22 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија22 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија22 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион22 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија24 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет24 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион1 ден

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија1 ден

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет1 ден

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија2 дена

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Досие