Свет
Навални се соочува со нови обвиненија за кршење на правата на руските граѓани
Руските истражители го обвинија затворениот опозиционер Алексеј Навални за кршење на правата на руските граѓаните, посочувајќи дека тој претставува опасност за јавноста поради наводните дејствија на една од неговите политички кампањски групи, пренесува РТ.
Во соопштението на Истражниот комитет на Русија во средата, се посочува дека Антикорупцискиот фонд (ФБК) на Навали ќе биде обвинет за поттикнување граѓани да извршуваат незаконски дејствија.
Основан во 2011 година, фондот беше регистриран како странски агент поради финансирањето во странство пред судот во јуни да го означи како екстремистичка организација и потоа да го ликвидира.
Двајца од најистакнатите сојузници на Навални, Леонид Волков и Иван Жданов, кои моментално живеат во странство, исто така се соочуваат со обвиненија за својата криминална вмешаност во фондот.
Навални, кој веќе е во затворска колонија за финансиски криминал, се соочува со дополнителни максимални три години додадена на неговата затворска казна поради новите обвинувања, а на Волков и Жданов, според Кривичниот законик на Русија, им се заканува затворска казна од осум години.
Обвинителите тврдат и дека ФБК ја охрабрувал јавноста да присуствува на неовластени протести низ земјата во два викенда во јануари, спротивно на воведените мерки против пандемијата со Ковид-19, на кои десетици илјади излегоа на улиците за да демонстрираат против апсењето на Навални.
„Навални секако беше свесен за незаконската природа на планираните настани. Тој беше свесен дека треба да очекува административна одговорност за поттикнувањето учество на неовластени собири“, вели Светлана Петренко, портпарол на Истражниот комитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

