Европа
Над 100 илјади луѓе протестираа против Бабиш во Прага

Десетици илјади Чеси протестираа со барање оставка од премиерот Андреј Бабиш, кој е обвинет за злоупотреба на функцијата. Организаторите на протестот тврдат дека ова биле најголемите демонстрации од падот на комунизмот за време на Сомотната револуција во 1989 година.
Според нив, на протестите учествувале околу 120.000 граѓани, кои се собрале на централниот плоштад во Прага.
Протестите против Бабиш се одржуваат од крајот на април и од тогаш станаа сè помасовни, а почнаа кога чешката полиција ја заврши истрагата за тоа дали тој примил субвенција од два милиона евра од ЕУ за фарма и конгресен центар и препорача дека треба да му се суди. Учесниците во протестите стравуваат дека неодамна именуваната министерка за правда, Марија Бенешова, би можела да е вмешана во случајот.
Бабиш е втор најбогат Чех, чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари. Се поврзува со злоупотреба на над 2 милиона долари субвенции од Европската Унија, но тој ова го отфрла наведувајќи дека станува збор за политички процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шојгу: За да се постигнат целите во Украина нема потреба од нуклеарно оружје

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вели дека се апсурдни изјавите на западните медиуми дека Русија наводно може да употреби хемиско оружје во Украина.
„Нема потреба од употреба на нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат целите на специјалната операција“ изјави денеска Шојгу.
„Од воена гледна точка, нема потреба да се користи нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат поставените цели“, рече Шојгу за време на Московската конференција за меѓународна безбедност, пренесува ТАСС.
Европа
Лолобриџида на 95 години ќе се кандидира на избори, сака да стане сенатор

Познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида изјави дека ќе се кандидира на општите избори следниот месец затоа што „ѝ е доста од препирките на политичарите“.
Лолобриџида, кој наполни 95 години во јули, сака да стане сенатор во партијата Суверена и Народна Италија (ISP), нов политички сојуз на евроскептиците, сојуз кој се спротивставува на политиката на Марио Драги, испраќање оружје во Украина и „воинствениот атлантизам“.
Таа изјави за Corriere della Sera дека е инспирирана од Махатма Ганди, дека го цени неговиот „начин на работа, неговото ненасилство“ и дека е „голем пријател“ на првата жена премиер на Индија, Индира Ганди.
– Ја гледав секогаш кога доаѓаше во Рим. Беше извонредна жена – рече таа.
Лолобриџида беше меѓу најгламурозните актери во златното доба на Холивуд.
Таа минатиот месец изјави дека е „решена да остане креативна“ и дека сега сака да искористи дел од таа енергија „за важни работи, особено за мојата земја“.
Последен пат Лолобриџида се обиде да влезе во политиката во 1999 година, кога се кандидираше на изборите за Европскиот парламент како кандидат на Демократите на Романо Проди.
Европа
Шолц за барањето Германија да ги забрани визите за Русите: Ова не е војна на рускиот народ

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин нема да поддржи неколку европски земји кои ги повикаа членките на ЕУ да престанат да издаваат туристички визи за руските граѓани.
Земјите кои ја поддржуваат таквата забрана велат дека Русите не треба да можат да одат на одмор во Европа додека Москва е во војна во Украина.
Финска и Данска сакаат одлука на ЕУ, а некои земји од ЕУ кои граничат со Русија повеќе не им издаваат визи на Русите, јавуваат агенциите.
„Ова не е војна на рускиот народ. Тоа е војна на Владимир Путин и ние мора да бидеме многу јасни за тоа“ – рече Шолц.
Тој на прес-конференција на маргините на еднодневниот состанок на петте нордиски лидери во Осло рече дека е важно да се разбере дека има многу луѓе кои бегаат од Русија бидејќи не се согласуваат со рускиот режим.
„Сите одлуки што ги носиме во рамките на ЕУ не треба да го отежнуваат одењето до слобода, напуштањето на земјата“ – рече Шолц.
Се очекува прашањето за визите да биде покренато на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на 31 август.