Свет
Напаѓачот на аеродромот на Флорида воен ветеран од Ирак, тврдел дека умот му го контролира агенција
Напаѓачот кој во петокот отвори оган на меѓународниот аеродром во Форт Лодердејл/Холивуд на Флорида и притоа уби пет а рани уште осум лица, е американски воен ветеран кој служел во Ирак.
Напаѓачот, идентификуван како 26-годишниот Естебан Сантијаго, е уапсен без испукан куршум по пукањето на Терминалот 2 во зоната за подигнување на багажот на патниците. Тој е роден во Њу Џерси, а бил припадник на Националната гарда на Порторико и на алјаска. Во 2010 и 2011 година бил распоредени во Ирак и промил повеќе воени признанија пред да биде префрлен во неактивните резервни сили, објави во саботата Пентагон без да објави други поединости.
Неговата тетка за телевизискиот канал MSNBC изјави дека Сантијаго од Ирак се вратил „како сосема друга личност“.
Сантјаго, кој на себе носел маичка со натпис „Ѕвездени војни“, почнал неселективно да пука на луѓето кои го земале својот багаж. Убил пет и ранил осум лица, додека уште триесетина се префрлени во локалните болници поради полесни повреди како преломи и гребнатинки настанати при хаосот и паниката во текот на нападот.
„Станува збор за бесмислен чин на злосторство“, изјави гувернерот на сојузната држава Флорида, Рик Скот.
Федералното биро за истраги (FBI) објави дека засега како мотив за нападот не е исклучен тероризмот.
Телевизијата CNN во петокот објави дека „според некои извори, осомничениот имал контакти со Федералното биро за истраги“ (FBI), но даде други поединости. Во саботата медиумите пренесуваат дека во ноември 2016 година Сантијаго дошол во седиштето на FBI во Енкориџ на Алјаска и започнал чудно да се однесува, па службениците го предале на полицијата која го префрлила во ментална институција на психолошка процена.
Функционер на FBI изјавил за Reuters дека Сантијаго им кажал на агентите во канцеларијата во Енкориџ дека неговиот ум го контролира американска разузнавача агенција кој го тера да гледа видео снимки на џихадистичката групација Исламска држава
Сантијаго допатувал во Форт Лодердејл на летот од Алјаска преку Канада со пријавен пиштол во неговата торба, изјави комесарот на округот Броувард, Чип ЛаМарка на Twitter.
Tој ја преземал својата торба и заминал во тоалетот за да го наполни пиштолот по што излегол и почнал да пука. Напаѓачот не е повреден, бидејќи полицајците не истрелале ниеден куршум, и засега изгледа дека дејствувал сам, објави полицијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

