Свет
Направен тест на коронавирус преку телефон, кој дава резултат за десет минути

Научниците создадоа апликација за паметен телефон која може да открие Ковид-19 од примерокот на плунка за 10 минути. Кога е поврзана со специјален микроскоп што може да се вгради во паметен телефон, апликацијата го анализира примерокот на знаци на вирусот.
Според тимот што стои зад оваа апликација, идејата е да се комбинира брзината на антигенскиот тест со точноста на ПЦР-тестот.
Првично беше развиен како начин да се бараат норонавируси, но научниците од Универзитетот во Аризона сфатија дека оваа апликација може да биде приспособена и за коронавирусот.
Тестот работи со поставување примерок од плунка на хартија обложена со восок наречена микрофлуидна хартија. Ова го води примерокот преку специфични канали. По поставувањето на примерокот, пациентот додава антитела со флуоресцентни зрна. Доколку има доволно ковид-честички, тогаш антителата се врзуваат за секоја од нив.
„Под микроскоп честичките на патогенот се прикажуваат како мали групи флуоресцентни зрна, кои корисникот потоа може да ги изброи“, објаснуваат истражувачите во списанието „Протоколи на природата“.
Според нив, целата постапка – додавање зрна на примерокот, натопување на хартијата во примерокот, потоа фотографирање со паметен телефон под микроскоп и броење на зрната со апликацијата – трае од 10 до 15 минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.