Европа
НАТО договара план за Украина во случај Трамп да победи на изборите
Министрите за надворешни работи на НАТО денеска се состануваат за да разговараат за тоа како да се постави воената помош за Украина на долгорочна одржлива основа, вклучително и предлог за петгодишен пакет од 100 милијарди евра кој ќе обезбеди поддршка за Киев доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа.
Предлогот на генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе и даде на западната алијанса поголема улога во координирањето на снабдувањето со оружје, муниција и опрема за Украина, велат дипломатите. Планот ќе биде разгледан на дводневната средба во Брисел по повод одбележувањето на 75-годишнината од НАТО и подготовката за самитот во Вашингтон во јули.
Состанокот ќе покаже колку се спремни европските сојузници да ги поддржат воените напори на Киев против Русија во време кога во американскиот Конгрес е блокиран пакетот воена помош од 60 милијарди долари. Според плановите, НАТО ќе ја преземе координацијата од Рамштајн групата, ад хок коалиција предводена од САД во случај Трамп да ја прекине воената помош за Украина доколку повторно стане претседател на САД.
НАТО како организација досега се фокусираше на обезбедување неборбена поддршка за Украина со цел да се избегне ескалација на тензиите со Русија, додека нејзините членки му обезбедија на Киев милијарди долари оружје на билатерална основа.
НАТО зазеде став дека Украина не може да се приклучи на алијансата додека трае војната со Русија, но дека ќе стане членка во одреден момент во иднина. Дипломатите предупредуваат дека разговорите за предлогот се во рана фаза и дека не е јасно дали пакетот за воена помош од 100 милијарди евра ќе биде прифатен и како ќе се финансира.
Одлуките во НАТО се носат со консензус на 32 членки. Средбата се одржува во време кога алијансата бара наследник на Столтенберг, кој ја извршуваше функцијата генерален секретар речиси десет години. Холандскиот премиер Марк Руте е поддржан од 90 отсто од земјите-членки, вклучувајќи ги САД, Франција, Велика Британија и Германија.
Сепак, Унгарија му се спротивставува поради неговите критики на премиерот Виктор Орбан и, од неодамна, на романскиот претседател Клаус Јоханис. Некои дипломати се надеваа дека наследникот на Столтенберг ќе биде избран веќе на состанокот во Брисел, но подоцна рекоа дека ќе биде потребно повеќе време. Други, сепак, се уверени дека Руте на крајот ќе биде назначен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

