Свет
Најголемиот пожар во историјата на Калифорнија го гаснат и затвореници
Најголемиот пожар во историјата на Калифорнија се очекува да гори до крајот на месецов, изјавија пожарникарите. Во огнената стихија на северот од сојузната американска држава досега загинаа најмалку 7 лица, а опожарени се над 1 500 објекти.
Од понеделникот, 47% од пожарот се под контрола. Во пожарот засега изгореа 117 639 хектари, што одговара на површината на Лос Анџелес.
Во меѓувреме и понатаму се појавуваат нови пожари со кои се борат противпожарните единици. Околу 14 000 пожарникари се на терен во Калифорнија и се обидуваат да стават под контрола 18 пожари ширум сојузната држава. Пожарникарите добиваат помош и од армијата, но и од над 1 000 затвореници, објави Би-би-си. Затворениците кои се сметаат за нискоризични престапници работат на волонтерска основа, но, сепак, добиваат надомест од по еден долар за секој час минат на теренот.
Во Калифорнија пристигнаа и противпожарни екипи од Австралија и Нов Зеланд. Пожарникарите за весникот „Лос Анџелес тајмс“ известија за деталите за напорните активности на терен.
Еден од нив изјавил дека неколку вечери спиеле седејќи во своите возила.
„Беше прилично откачено. Претходните години имавме по еден или два големи пожари годишно, а сега се справуваме со три до четири големи пожари неделно. Ова е нова норма“, изјавил пожарникарот Омар Есторга.
Како што објави „Ројтерс“, половина од десетте најразорни пожари во историјата на Калифорнија се случиле во последната деценија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

