Контакт

Свет

Најмалку 24 уапсени при напад на блокот „Антифа“ врз француската полиција

Објавено пред

Најмалку 24 лица беа уапсени во вторникот откако милитантите на црниот блок на „Антифа“ се судрија со полицијата, напаѓајќи ги полицајците во Париз на маргините на протестите на здравствените работници, пренесува „Ле Паризиен“.

На протестот во Париз учествувале околу 18.000 луѓе. Беа планирани најмалку 220 протести низ целата земја. Иако голем дел од демонстрантите беа здравствени работници, други држеа пароли на „Блекс лајвс медр“ на кои се вели: „Не можам да дишам“.

На маргините на протестот, неколку стотици милитанти на црниот блок на „Антифа“ го искористија протестот како изговор за напад врз полицијата. Интензивни судири се случија кај Esplanade des Invalides, каде што се наоѓаат Музејот на француската армија и гробот на Наполеон Бонапарта.

Според „Ле Паризиен“, екстремистите на „Антифа“ превртиле автомобил и нападнале автобус за време на  немирите. Полицијата била принудена да одговори со фрлање солзавец. На социјалните мрежи се појавија и видеоснимки на кои се гледа како припадниците на „Антифа“ ја напаѓаат полицијата.

„Франција е во потполно неверување бидејќи насилството секојдневно се шири низ целата земја. Денес во Париз ‘Антифа’ ја уништи областа Инвалидес во крајно насилни немири против полицијата“, рече европратеникот Жером Ривиер.

Здравствените работници и членовите на синдикатот кои учествуваа на демонстрациите изразија критика за однесувањето на „Антифа“, при што една медицинска сестра по име Хелен рече: „Ние сме тука за нашите плати, за чување на јавните болници, а завршивме со некои демонстранти кои ја навредуваат полицијата”.

Патрик Пелу, претседател на Здружението на лекари од итната служба во Франција, рече дека му се згадило од немирите на „Антифа“, велејќи: „Ни го киднапираа овој протест. Одвратно е.”

Нападите на „Антифа“ врз полицијата се вообичаена глетка на многу протести во Франција, вклучувајќи ги и годишните протести за Први мај, кои не се одржаа оваа година поради пандемијата на коронавирус. Во последните месеци, милитантите на „Антифа“ спрведоа неколку заговори за да ѝ наштетат на полицијата, меѓу кои и оној во кои беа уапсени двајца членови кои купиле огнено оружје за напад на полицајци.

Регион

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Објавено пред

Лидерот на српската Либерално демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде што веќе неколку дена се лекува од коронавирус.

„Уморен сум, го прекинавме ширењето на пневмонијата за време на викендот, кислородот ме спаси и сè уште ми е неопходен за да ги одморам белите дробови колку што е можно повеќе, кои се борат со вирусот. Полека ја намалуваме температурата и го смируваме крвниот притисок“, напиша Јовановиќ.

Јовановиќ е во болница од 30 јуни поради тешка пневмонија.

Тој прво бил примен во КБЦ „Бежаниска коса“, а по три дена, поради влошување на неговата состојба, бил пренесен на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчкиот архиепископ Јероним: Се надевам дека Турција нема да се осмели Аја Софија да ја претвори во џамија

Објавено пред

Архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, изрази надеж дека Турција нема да се осмели Аја Софија, која моментно е музеј, да ја претвори во џамија.

„Тие (Турците) ја играат играта што ја сакаат. Ова е уште една игра. Верувам дека нема да се осмелат”, изјави Јероним за грчката телевизија Mesogeios, пренесува грчкиот портал „Грик сити тајмс“.

Рускиот митрополит Иларион рече дека претворањето на Аја Софија во џамија е неприфатливо и го спореди со враќање во средниот век.

Минатата недела американскиот државен секретар Мајк Помпео побара од Турција да не го стори тоа и истакна дека статусот на Аја Софија како музеј треба да остане непроменет.

Ернесто Отоне Рамирез, помошник генерален директор за култура во УНЕСКО, исто така апелираше до Турција, изјавувајќи дека Конвенцијата за заштитата на светското културно наследство предвидува дека пред да се донесе каква било одлука за промена на статусот на спомениците на културното наследство, како што е Аја Софија, потребна е одлука на соодветна меѓувладина комисија на УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешен стражар во нацистички логор се соочува со пресуда пред германскиот суд

Објавено пред

Завршните аргументи на обвинителството ќе бидат сослушани денеска на судењето на 93-годишниот поранешен нацистички стражар во концентрационен логор за соучесништво во убиството на повеќе од 5.000 лица за време на Втората светска војна, пренесува „Војс оф Америка“.

Во она што би можело да биде еден од последните вакви случаи на преживеани нацистички чувари, Бруно Деј е обвинет за соучесништво во убиството на 2.230 лица додека работел во логорот „Штутхоф“ во близина на тогашниот Данзиг, сега Гдањск во Полска.

Деј, кој се појави на суд во инвалидска количка, негира дека сноси вина за тоа што се случило во кампот. Неговата одбрана тврди дека тој не им се приклучил на СС доброволно пред да служи во логорот од август 1944 до април 1945 година, а таму бил назначен бидејќи поради проблеми со срцето не можел да биде во првите борбени редови.

Но, обвинителите тврдат дека неговото учество било клучно за убиствата бидејќи периодот додека бил во СС се совпаѓа со наредбата „Конечно решение“ за системско истребување на Евреите преку гасни комори, изгладнување или непружање медицинска нега.

На Деј му се суди на Малолетнички суд затоа што тој во времето на злосторствата имал 17 или 18 години. На неговото сведочење во мај, Деј пред судот изјави дека сака да го заборави времето поминато во кампот.

„Не сакам да се потсетувам на минатото“, рече тој пред трибуналот во Хамбург.

Судијката Ана Мејер-Геринг праша дали Деј разговарал со своите деца и внуци за времето кога бил чувар во „Штутоф“.

„Не сносам никаква вина за тоа што се случи тогаш. Не придонесов ништо за тоа, освен тоа што чував стража. Но бев принуден да го сторам тоа, тоа беше наредба “, рече Деј.

Деј минатата година призна дека бил свесен за гасните комори во кампот и дека видел „прегладнети луѓе, луѓе кои страдале“, но тврдел дека тој не е виновен.

Нацистите го основаа логорот „Штутхоф“ во 1939 година, првично за приведување на полските политички затвореници. Но во него завршија 110.000 затвореници, вклучително и многу Евреи. Околу 65.000 луѓе умреа во кампот.

Деј, кој сега живее во Хамбург, станал пекар по војната. Оженет, татко на две ќерки, тој ги надополнувал своите приходи работејќи како возач на камион, а потоа и на одржување на зградите.

Тој влезе во фокусот на обвинителите по пресудата од 2011 година против поранешниот чувар на логорот „Собибор“, Џон Демјанук, врз основа на тоа дека бил дел од нацистичката машинерија за убивање. Оттогаш, Германија се бори да ги осуди преживеаните припадници на СС по тој основ наместо за убиства или злосторства директно поврзани со обвинетиот.

Демјанук беше осуден за соучесништво во убиството на речиси 30.000 Евреи во логорот „Собибор“. Тој почина чекајќи одговор на неговата жалба. Судот пресуди дека како чувар во кампот, тој автоматски бил вмешан во убиствата извршени во тоа време.

Случајот постави нов правен преседан и предизвика неколку понатамошни пресуди на нацистичките офицери, вклучително и онаа за „книговодителот на Аушвиц“ Оскар Гронинг, кој почина на 96 години, пред да да биде затворен.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 минути

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград,...

Македонија34 минути

Петмина починати и 78 новозаболени од ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија1 час

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска Влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска Влада, Влада која ќе остане...

Регион3 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ3 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура3 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија3 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион18 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион19 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава20 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет21 час

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт22 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија22 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ23 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Досие