Свет
Најмалку 40 лица загинаа во невремето во Авганистан, околу 350 се повредени
Во обилните дождови на истокот на Авганистан загинаа најмалку 40 лица, а околу 350 се повредени, соопштија денеска талибанските власти.
Портпаролот на Министерството за јавно здравје, Шарафат Заман Амар, потврди дека 40 лица загинале во невремето во понеделникот, а 347 повредени се пренесени на лекување во регионалната болница „Нангархар“ од Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар и околните области.
Меѓу жртвите има пет члена на семејството, кои загинаа кога се урна покривот на нивната куќа во областа Сур Род, изјави портпаролот на провинцијата, Седикулах Кураиши.
🔴 CHICAGO, ILLINOIS#tornado #thunderstorm #disaster pic.twitter.com/tjw2aPrc78
— WORLD.STORM (@worldstormm) July 16, 2024
Повредени се уште четворица членови на ова семејство, пренесува АП.
Околу 400 куќи и 60 електрични столба се уништени во провинцијата Нангархар, додаде Кураиши.
Струјата беше прекината во многу области, комуникациите во градот Џалалабад беа ограничени, а целосната штета сѐ уште се проценува.
Одделно, авганистанските медиуми објавија дека најмалку 17 лица загинале, а 34 се повредени кога автобус се превртел на главниот автопат што ги поврзува Кабул и Балх во северната провинција Баглан рано утринава.
Причината за несреќата сè уште не е позната, но слични инциденти често се случуваат во Авганистан поради лошите услови на патиштата и невнимателното возење, наведува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.