Контакт

РЕ-Џет сет

Најпознатиот инфлуенсер и мотивациски говорник лажел за деталите од неговиот живот

Објавено пред

Џеј Шети, популарен инфлуенсер на социјалните мрежи, мотивациски говорник и автор на две најпродавани книги, лажел за деталите од неговиот ран живот и плагијат на објавите на социјалните мрежи, според извештајот објавен од „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Во извештајот се вели дека 36-годишниот британски Индиец лажел дека поминал три години во храм во Индија, живеејќи со монаси. Како што е наведено на официјалната веб-страница на Шети за неговиот ран живот, „за време на неговите училишни години, Џеј Шети ги поминувал годишните одмори живеејќи со монасите во Индија, потопувајќи се во нивната мудрост и учења“, пренесува „Гардијан“.

Извештајот на „Гардијан“ ја доведува во прашање автентичноста на наративот на Шети за неговиот ран живот, кој беше камен-темелник на неговото патување како јавна личност, и кредибилитетот на неговиот идентитет како гуру.

По дипломирањето, Шети се откажува од животот со материјален успех за да живее како монах. Три години подоцна, тој има уште едно откровение: неговата цел во животот не е да живее смирен живот на монах, туку да ги користи своите натприродни ораторски вештини за сподели мудрост со светот. Така започнува неговата трансформација во јавна личност и неговиот брз пораст до слава.

Поранешните соработници на Шети тврдат дека тој вели дека живеел како монах, но Шети поголемиот дел од своето време го поминувал на имот во Лондон, наместо во индиски ашрами.

Забава

Шарм, скандали и молк за вистинските жртви во документарецот за Чарли Шин

Објавено пред

Новата двоепизодна документарна серија „Поранешниот Чарли Шин“ (AKA Charlie Sheen) не открива многу ново за актерот, чие бурно минато е веќе детаљно документирано, објави британски „Гардијан“. Од забави, преку забави со проблеми, до само проблеми – така самиот ги дели фазите од својот живот објаснувајќи дека медиумите веќе ги имаат покриено сите скандали: зависности, јавни хоспитализации, разводи, па дури и откривањето на неговиот ХИВ-статус.

dobivaj vesti na viber

Иако неговиот татко Мартин Шин и братот Емилио Естевез одбиле да учествуваат, други членови од семејството – вклучувајќи ги неговите деца и поранешните сопруги – зборуваат отворено, но со љубов. Шин, кој е седум години трезен, изгледа шармантно и благодарно, но документарецот внимателно ги избегнува најтешките теми: обвинувањата за семејно насилство, судските наредби и тврдењата дека ги изложувал партнерките на ризик.

Критиките за површноста на „Поранешниот Чарли Шин“ доаѓаат од новинарски кругови, особено од рецензијата на „Гардијан“, каде што се истакнува дека режисерот Ендру Рензи му дал „нежна и контролирана платформа“ на Шин оставајќи ги најтешките обвинувања речиси недопрени. Иако Шин искрено им оддава почит на семејството и на пријателите, недостига вистинско каење или разбирање за болката што им ја нанел.

Најсилните моменти доаѓаат од луѓе што биле директно погодени – како Хајди Флајс, која сè уште гневно зборува за неговото сведочење против неа, и Џон Крајер, колегата од „Два и пол мажи“, кој отворено зборува за циклусот на хаос што Шин го предизвикувал на снимањата.

Прикажи повеќе...

Забава

Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан

Објавено пред

Организторите на Канскиот филмски фестивал годинава воведоа строги кодекси на облекување до кои славните мора да се придржуваат.

dobivaj vesti na viber

Забрането е носење фустани со голем волумен, фустан што се влече по земја зад грбот, како и  разголени фустани за да се обезбеди поголема пристојност.

Кинеската актерка Ван Ќенхуи ги прекрши правилата со излегувањето на црвениот тепих, но актерката Хали Бери не препушти ништо на случајноста и откри дека поради новите правила во последен момент се одлучила за поинаков фустан.

„Имав одличен фустан за вечерва, но не можев да го облечам бидејќи задниот шлеп е преголем. Морав да го сменам. Но делот за голотија е веројатно добро правило”, рече таа на прес-конференцијата.

58-годишната Бери оваа година е член на жирито на фестивалот, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание со кое го привлече вниманието, таа во Кан се појави во долг фустан со црно-бели риги, а со тоа ги избегна строгите казни кои ги најавија организаторите.

„Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосната голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и француските закони“, велат организаторите.

„Фестивалот го задржува правото да го оневозможи пристапот на лица чија облека може да го попречи движењето на другите гости или да го отежне распоредот на седење во салите за прикажување“, додаваат тие.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) „Уништен сум, сакам помирување со семејството“ – Принцот Хари откако го загуби спорот

Објавено пред

Принцот Хари вели дека сака помирување со остатокот од кралското семејство, во емотивно интервју, во кое рече дека е уништен што ја изгубил правната битка за неговата безбедност во Обединетото Кралство.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Би-Би-Си“, тој изјави дека моментално не е во контакт со својот татко, британскиот крал Чарлс Трети.

Принцoт рече дека кралот не сака да разговара со него поради безбедносното прашање, но оти тој не сака повеќе да се бори и не знае уште колку долго ќе живее неговиот татко.

Принцот Хари зборуваше за Би-Би-Си откако го загуби случајот за нивото на обезбедување на кое тој и неговото семејство имаат право додека се во Обединетото Кралство.

„Имав многу несогласувања со некои членови од моето семејство, но им простив“, рече тој.

Принцот сакаше да ги промени правилата за неговата безбедност кога ќе дојде во Велика Британија, кои беа воведени кога тој се повлече од кралското семејство и се пресели во Соединетите држави.

Рече дека се чувствува изневерено и го опиша судскиот пораз како „старомоден установен план“ и го обвини Кралското домаќинство за влијание врз одлуката за намалување на неговата безбедност.

На прашањето дали побарал од неговиот татко да интервенира во безбедносниот спор, принцот Хари рече: „Никогаш не барав од него да интервенира – го замолив да се тргне од патот и да ги остави експертите да си ја завршат работата“.

Поразот на суд и тоа што безбедносното прашање за него и неговото семејство нема да се промени значи дека во моментов не може да го донесе семејството во Велика Британија, изјави тој за Би-Би-Си.

„Во овој момент не можам да замислам да ги донесам сопругата и децата во Велика Британија“, вели принцот Хари.

За одлуката рече: „Се чувствувам уништен – не толку од губитокот колку од луѓето кои ја донесоа одлуката, кои сметаат дека ова е во ред. Дали ова е победа за нив?“

Тој продолжи: „Сигурно има некои луѓе таму, веројатно најмногу оние кои ми посакуваат штета, кои ја сметаат оваа одлука за голема победа.“

Принцот Хари рече дека одлуката да му се одземе безбедноста има влијание на него секој ден, и го оставила во ситуација каде што може безбедно да се врати во Велика Британија само ако биде поканет од Кралското семејство – бидејќи во тие околности ќе добие доволно обезбедување.

Тој рече дека промените во неговиот безбедносен статус во 2020 година не влијаеле само на него, туку и на неговата жена, а подоцна и на неговите деца.

Продолжи: „Сите знаеја дека не ставаат во ризик нас во 2020 година и се надеваа дека знаењето на тој ризик ќе не’ натера да се вратиме.“

„Но кога сфаќаш дека тоа не функционира, дали не сакаш да не’ чуваш безбедни?“

„Без разлика дали си влада, Кралско домаќинство, дали си мој татко, моето семејство – без разлика на сите наши разлики, дали не сакаш да се осигураш за нашата безбедност?“, рече принцот.

Кога беше прашан дали му недостига Велика Британија, тој додаде: „Го сакам мојот дом, секогаш сум го сакал, без оглед на тоа што некои луѓе во таа земја го направиле… и мислам дека е навистина трагично што нема да можам да им ја покажам мојата татковина на моите деца.“

Принцот Хари рече дека нема да бара понатамошен правен предизвик, изјавувајќи дека петочната пресуда „докажала дека не постои начин да се победи преку судовите“.

„Сакам некој да ми го кажеше тоа предходно,“ рече тој, додавајќи дека пресудата била „изненадување“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет13 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет15 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет17 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет19 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет19 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет20 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет21 час

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет21 час

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет21 час

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија2 дена

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија2 дена

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија2 дена

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија2 дена

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет2 дена

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет2 дена

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...