Свет
На канадскиот аеродром пронајдени 500 кутриња кои биле дехидрирани и повраќале
Почна истрагата во Канада, откако беа пронајдени 500 кутриња на меѓународен лет од Украина, од кои 38 се мртви, соопшти вчера тамошната полиција.
Малите француски булдози кои се многу популарен вид во Канада биле дехидрирани, слаби и повраќале. Тие беа пронајдени на 13 јуни во авион што слетал од Украина на аеродромот во Торонто, пишува „Гардијан“.
Еден маж, кој тогаш бил на делот од аеродромот каде се собираат животните, рекол дека сцената личела на хорор и ноќен кошмар.
Продажбата на кучиња во Канада е профитабилен бизнис, а купувачите веруваат дека видовите што ги купуваат се одгледувани во Канада. Скот Вејс од Универзитетот во Гелф оценува дека во продажбата има елементи на организиран криминал.
„Станува збор за 500 француски булдози. Ако требаше да продадат за три до четири илјади долари, тоа е огромна сума пари “, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

