Контакт

Европа

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

Објавено пред

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата кој леташе на својот „Флајбор ер“ – лебдечка купола која му овозможува маневри како од научнофантастичните филмови.

Спектакуларна сцена се одвиваше на дефилето пред трибината, на која седеше претседателот Емануел Макрон.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа дека Запата во рака носи автоматска пушка, што укажува дека ова летало би можело да биде употребено во арсеналот на француската војска.

„Паризијен“ наведува дека во прашање е летало кое како гориво користи керозин, поседува пет мини турбо мотори кои овозможуваат брзина до 190 километри на час, а летот може да трае до 10 минути.

На Макрон очигледно му се допадна демонстрацијата на „Флајборд ер“ бидејќи со широка насмевка и аплауз го поздрави Запата кој одлета и местото им го отстапи на другите учесници на парадата.

Европа

Могерини: ЕУ има должност да ги штити правата на верските заедници

Објавено пред

Заштитата на слободата на мисла, свесност и религија е должност на ЕУ и нејзините земји членки, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија.

„Прогонот врз основа на верска определба директно се коси со меѓународното право, а ние мора да се бориме против тоа со здружени сили“, изјави Федерика Могерини.

Могерини додаде дека ЕУ отсекогаш била главен промотор и заштитник на верската слобода.

„Легислативата на ЕУ ги обврзува земјите членки да ги казнуваат јавните повици за насилство и омраза врз одредена група или поединци од група врз основа на религија или верска определба“, изјави Могерини.

„Маргинализирањето и издвојувањето на поединци кои припаѓаат на верски малцинства може да претставува знак за предупредување за многу посериозен прогон, како и показател дека треба да се преземат остри мерки во однос на целото општество“, додава таа.

Некои од земјите членки на ЕУ, како на пример, Грција, честопати трпат критика поради крешње на правата на малцинството Турци муслимани во нивните граници, а некои случаи се косат и со законите на Европскиот суд за човекови права.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел ќе разговара со Џонсон за полесен брегзит

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе разговара со Борис Џонсон во текот на денот за тоа како да обезбедат излегувањето на Велика Британија од Европската Унија да помине колку што е можно полесно.

„Денес ќе разговарам со британскиот премиер, кој доаѓа во посета, за тоа како можеме да го добиеме брегзит со што помалку проблеми затоа што треба да се бориме за нашиот економски раст“, рече Меркел на конференцијата за воздушен сообраќај, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Пијан Русин се заканувал дека ќе фрли бебе од третиот кат, полицаец успеал да го спаси

Објавено пред

Руски полицаец се качил на балкон низ прозорец на соседен стан за да спаси петмесечно девојче од нејзиниот татко, кој во пијана состојба се заканувал дека ќе ја фрли ќерка си од третиот кат.

Ужасниот случај на семејно насилство, кој, за среќа, завршил без жртви, се случил во градот Саранск, 500 километри источно од Москва, пренесе РТ.

Полицијата била повикана на местото на настанот кога пијаниот татко бил забележан како се заканува дека ќе ја фрли својата петмесечна ќерка од балконот. Дури и ја тресел во воздухот држејќи ја за нозете.

Полицијата успеала да го скроти човекот од балконот на соседниот стан кога лидерот на акцијата успеал да влезе во неговиот стан и да го спречи пијаниот маж да ја спроведе намерaта.

Се покажало дека 38-годишниот Русин има полициско досие и дека претходно истиот ден ја нападнал мајката на детето и ја исфрлил од станот облеана во крв.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Македонија3 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија3 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија4 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија4 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија7 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија7 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ10 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион11 час

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет11 час

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија12 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион13 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија13 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech23 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Досие