Европа
На Република Сан Марино ѝ се заканува опасност од банкрот и губење на независноста
Република Сан Марино е во опасност да банкротира поради економската криза што се случи по пандемијата на Ковид-19.
Поради долгот, таа би можела да ја загуби својата 1.300-годишна независност, пишува весникот „Ил фато Квотиџијано“.
На почетокот на пандемијата Република Сан Марино се двоумеше да воведе карантин поради економски причини, но кога беа заразени 1.200 граѓани од вкупно 33.000 и процентуално скокна на првото место во однос на бројот на заразени во светот, надлежните беа принудени да воведат рестриктивни мерки.
Дури и пред пандемијата, банкарскиот систем на Републиката се распаѓаше, долговите на земјата пораснаа на 360 милиони евра, а сега, за да се избегне финансискиот колапс, надлежните во Сан Марино бараат помош од својот прв сосед Италија и од „Банкиталија“.
Република Сан Марино долго време беше даночен рај, идеално место за криење пари и траги на фирми чие богатство сопствениците не можеа да го докажат.
Од 11 банки, 6 банкротираа, загубите мораше да ги надомести државата, а една банка се национализира.
Во последните пет години богатството на Републиката е двојно намалено, домашниот бруто-производ пред пандемијата бил помал 28 отсто, а поради Ковид-19 и карантинот, се намалил уште 12 проценти.
За да ја ублажи економската криза, Република Сан Марино испечатила државни обврзници „титано“ во вредност од 500 милиони евра. Еден „титано“ вреди едно евро, но тоа не е доволно бидејќи недостигаат пари за исплата на пензии и за живот, пишува весникот.
Дури се размислува и за воведување ДДВ, што би претставувало преседан во историјата на најмалата држава на светот.
„Ил фато Квотиџијано“ пишува дека доколку не ѝ се помогне на Сан Марино, таа би можел да падне во рацете на кинескиот или рускиот капитал, а потоа тие земји би можеле да ја искористат за да купат гласови во меѓународни институции како ООН, ОБСЕ и слично.
Околу 10.000 Италијанци, кои имаат двојно државјанство, живеат во Сан Марино, така што ова е еден од мотивите што некои италијански политичари апелираат да помогнат затоа што ако Сан Марино не успее, тоа ќе биде трагедија и за Италијанците“, тврди членот на Демократската партија, Марко ди Мајо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

