Контакт

Свет

На секои десет минути има по едно убиено дете во Газа

Објавено пред

Дваесет и осум предвремено родени бебиња, кои беа евакуирани од болницата „Ал Шифа“, вчера пристигнаа во Египет преку преминот Рафах.

dobivaj vesti na viber

Најмалку 70 луѓе загинаа во болница во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, по израелски воздушен напад врз тој град, соопштија „Лекари без граници“. Организацијата наведува, повикувајќи се на својот персонал во медицинскиот комплекс „Насер“, дека десетици луѓе, меѓу кои и деца и адолесценти, се лекуваат поради тешки изгореници, објави „Хаарец“. Во соопштението се додава дека нападот се случил на еден километар од болницата, а на лекување пристигнале 122 пациенти.

Вчера, кога се одбележуваше Светскиот ден на детето, пристигна информација дека од 7 октомври досега се убиени 5.500 деца, што претставува по едно убиено дете на секои 10 минути, пренесе „Ал џезира“. Покрај официјалниот број на загинати деца, се претпоставува дека уште 1.900 се мртви под урнатините. Околу 9.000 деца се повредени од почетокот на конфликтот, повеќето со сериозни и долготрајни повреди. Од 2,3 милиона жители на Газа, половина се деца, а вкупно 70 отсто од жртвите се жени и деца.

Тимот на Светската здравствена организација (СЗО), кој во саботата ја посети најголемата болница во Газа, објави дека 32 бебиња се меѓу десетиците пациенти во критична состојба, кои останале во болницата, каде што израелските сили влегле минатата недела.

Главниот разгранок на ОН во Газа, Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток, објави дека силните дождови во Појасот Газа го прават животот во засолништата без услови. Во објавата на платформата „Икс“, организацијата, заедно со видеото на кое Палестинците газат преку кал, додава дека поради обилните дождови во енклавата, луѓето во засолништата немаат избор и се соочуваат со недостиг на основни услови за живеење.

Хамас изрази подготвеност да го зголеми бројот на заложници што би ги ослободил во замена со Израел, изјави вчера за „Хаарец“ извор вклучен во преговорите. Според него, бројот и идентитетот на заложниците што ќе бидат ослободени сѐ уште не се договорени, а разговорите продолжуваат. „Индиректните контакти меѓу Израел и Хамас веќе двапати пропаднаа кога се проценуваше дека може да се склучи договор. Ни треба повеќе трпение“, додаде тој.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на египетски функционер близок до преговорите, вчера објави дека Хамас бара етапно ослободување на израелските заложници и на палестинските затвореници, при што Израел ослободува малолетни затвореници во замена за 50 жени и деца, кои се меѓу заложниците. Според изворот, предлогот за кој се дискутира во неделата е барањето Хамас да ослободи голем број жени и деца киднапирани за време на нападите на 7 октомври за приближно ист број палестински жени и деца, кои се држат во израелските затвори. Египетскиот извор изјави и дека затворениците што ќе бидат вклучени во размената нема да бидат поврзани со Хамас. Израел, САД и Катар изразија оптимизам за можноста договорот да биде финализиран во наредните денови. Една од причините што преговорите се бавни е тоа што Јахја Синвар, лидерот на Хамас во Појасот Газа, не одржува континуиран контакт со преговарачките тимови на организацијата, пишува „Хаарец“.

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (АИ) го повика Меѓународниот кривичен суд да ги истражи двата израелски напада во Појасот Газа минатиот месец, во кои беа убиени 46 лица, како воени злосторства. АИ наведува дека утврдила дека овие напади „се неселективни или директни напади врз цивили или цивилни објекти, кои мора да се истражат како воени злосторства“. Станува збор за израелскиот напад на црквата „Свети Порфириј“ во градот Газа на 19 октомври и нападот на куќа во бегалскиот камп „Нусејрат“ на 20 октомври, пренесе „Ал џезира“.

Свет

Путин: Русија и Иран сакаат да воспостават мултиполарен светски поредок

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека зајакнувањето на трговската и економската соработка е главен приоритет во односите со Иран, пренесува „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

За време на средбата со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на маргините на самитот на БРИКС во 2024 година во Казан, Путин рече дека меѓувладината комисија е задолжена за спроведување на различни проекти.

Путин, меѓу другите важни руско-ирански заеднички проекти, го спомена и развојот на иранската железничка инфраструктура како дел од промоцијата на големиот проект меѓународен транспортен коридор Север-Југ, како и изградбата на втората и третата електрана Бушер.

Рускиот претседател изрази оптимизам дека Договорот за слободна трговија меѓу Иран и Евроазиската економска унија ќе биде потпишан до крајот на оваа година.

„Генерално, би сакал да истакнам дека пристапите на Русија и Иран кон глобалната агенда се повеќе или помалку слични или идентични. Ние сме обединети во нашата желба да воспоставиме праведен мултиполарен светски поредок, да ги почитуваме меѓународните норми и да ја задржиме централната улога на Обединетите нации“, рече Путин.

Пезешкијан истакна дека тој лично го надгледувал спроведувањето на одредени договори бидејќи ги смета односите со Русија „стратешки“.

„Нашите односи се од стратешка природа – во интерес на нашите земји е да одиме напред заедно. Нашиот драг сосед Русија е голема земја“, рече Пезешкијан.

Иранскиот претседател повика на поголема соработка во рамките на БРИКС и другите формати и изрази надеж дека наскоро ќе биде потпишан новиот руско-ирански меѓудржавен договор.

На одвоена средба со неговиот венецуелски колега, Путин го повика Николас Мадуро да развие финансиски и банкарски врски меѓу двете земји врз основа на националните валути.

Рускиот претседател ја пофали Венецуела како „еден од долгорочните доверливи партнери на Русија во Латинска Америка и во светот како целина“, истакнувајќи дека стратешките партнерски односи меѓу нивните земји продолжуваат да се зајакнуваат.

„Заемно корисна соработка се развива во сите правци. Расте и обемот на билатералната трговија, а се реализираат бројни проекти во енергетскиот сектор, фармацевтската индустрија, транспортот, во областа на новите технологии“, нагласи Путин.

Мадуро рече дека неговата нација го следи патот БРИКС и бара рамнотежа во светот.

Тој го најави меѓувладиниот состанок на Русија и Венецуела за 7 ноември, нагласувајќи дека очекува разговорите да придонесат за постигнување „успех во сите области на соработка“.

Прикажи повеќе...

Свет

Лукашенко за наводите за севернокорејски војници во Русија: „Toa е глупост“

Објавено пред

Белорускиот претседател даде интервју за „Би-Би-Си“ на маргините на самитот на БРИКС, кој се одржува во Казан, Русија.

dobivaj vesti na viber

Тој одговори на тврдењата дека илјадници севернокорејски војници пристигнуваат во Русија за да и помогнат на руската армија во војната против Украина.

„Глупости“, одговори Лукашенко.

„Познавајќи го неговиот карактер, Путин никогаш не би се обидел да убеди друга земја да ја вклучи својата војска во руската специјална операција во Украина“, додава тој.

„Тоа би било чекор кон ескалација на конфликтот доколку вооружените сили на која било земја, па дури и на Белорусија, се најдат во конфликтот“, одговори Александар Лукашенко.

„Дури и да се приклучиме на војната, тоа би било пат кон ескалација. Зошто? Затоа што вие, англосаксонците, веднаш би рекле дека друга земја интервенирала на едната страна… и војниците на НАТО ќе бидат распоредени во Украина“, вели Лукашенко.

Новинарот го праша дали Владимир Путин некогаш побарал од Лукашенка да обезбеди белоруски војници за војната на Кремљ во Украина.

„Никогаш. Ниту тој, ниту поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, ниту сегашниот министер за одбрана Андреј Белоусов никогаш не го поставиле тоа прашање“, вели Лукашенко.

Сепак, Лукашенко потврди дека нема ништо против Русија да користи белоруска територија при инвазијата на Украина (инвазијата ја нарекува специјална операција), при повлекување или префрлање на руските сили.

Тој рече дека Путин никогаш нема да употреби тактичко нуклеарно оружје, особено не од територијата на Белорусија.

Прикажи повеќе...

Свет

Се зголемува бројот на убиени и повредени во терористичкиот напад во Турција

Објавено пред

Бројот на убиени во денешниот терористички напад во Анкара се искачи на пет лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Уште 22 лица се повредени, а двајца се во критична состојба, изјави Али Јерликаја.

Повторувајќи го мислењето на неговиот колега член на владата Јасар Ѓулер, министерот Јерликаја рече дека сторителите зад денешниот напад најверојатно се членови на курдската милитантна терористичка група ПКК.

Сепак, се чека потврда бидејќи властите сакаат да ги идентификуваат напаѓачите.

Ниту една група не презеде одговорност за нападот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Се зголемува бројот на убиени и повредени во терористичкиот напад во Турција

Бројот на убиени во денешниот терористички напад во Анкара се искачи на пет лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи....

Македонија14 часа

Мицкоски иницира проект за национална стратегија: „Ако сега не си помогнеме ќе бидеме зомби држава“

Денешниот празник да го славиме сите – и левата и десната страна. За Македонија да биде силна и напредна држава...

Македонија17 часа

(Видео) Кузеска: Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ослободуваат криминалци и нарко босови

Опозициската СДСМ ги опиша како шокантни и скандалозни помилувањата на десет лица од страна на претседателката Сиљановска-Давкова. Партиската портпаролка, Богданка...

Топ17 часа

Застрелан маж во Арачиново – му рекле да излезе пред куќата, па му пукале во нога

Арачиновец бил повикан да излезе пред неговата куќа, а потоа бил застрелан. Четириесет и двегодишниот маж синоќа бил донесен на...

Македонија18 часа

Урсула фон дер Лајен ја почнува четиридневната посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја почна четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе се...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилува десет осуденици, a решенијата се објавени во Службен весник“. Според тоа, извршувањето на изречената казна...

Македонија19 часа

Да си ја чуваме татковината, оти друга немаме, порача Сиљановска во честитка по повод денешниот празник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Почитувани сограѓани,...

Свет20 часа

Бајден: Нашата демократија е загрозена ако победи Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека републиканецот Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „политички“ затворен. „Мораме...

Топ2 дена

Битолчанец си го чистел таванот и нашол бомби

Шеесетгодишен маж од Битола пријавил во полицијата дека вчера при чистење на таванот од својот дом, пронашол бомби. Се работи...

Македонија2 дена

Антикорупциската комисија отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност...

Топ2 дена

Исчезна апарат за ехо дониран во кичевската болница, МВР го расчистува случајот

Вчера, во полицијата во Кичево било пријавено дека во Општата болница во градот недостига ехо-апарат. Се работи за апарат кој...

Македонија2 дена

Сто пациентки со карцином со приоритетни упати два месеца чекаат скен на коските, неопходен за да добијат терапија

На денешниот настан за поддршка на пациентите со карцином, „Појадок со онколошките пациенти“, здружението посветено на пациентите со рак и...

Топ2 дена

Малолетници тешко повредени при судир на мопед и патничко возило во Кочани

Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Скопско

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со...

Македонија2 дена

Исчезна стружанец, отишол да бере печурки

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето...

Македонија2 дена

„Очигледно и на бугарската политика не ѝ недостига демагогија“: Георгиевски со реакција на бугарската министерка за Коридорот 8

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека...

Македонија2 дена

ДУИ на средби со граѓаните: потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници

Демократската Унија за Интеграција вчера го одржа 16-тиот состанок на претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се...

Свет2 дена

Западот сака да го изолира Путин, тој денеска докажува дека, дефинитивно, не е сам, пишува Си-ен-ен

Скоро три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит...

Свет2 дена

(Видео) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во готовина и злато под болница во Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах. Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во...

Свет2 дена

(Видео) Масакр во близина на Сиетл, петмина мртви, меѓу нив три деца, фатен убиецот

Пет лица се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија...