Европа
Неаполската мафија вклучена во бизнис со брзата помош, за услугите наплаќале 20 пати повеќе

Криминалната организација „Камора“ во Неапол го регулира и превозот на пациенти и починати со приватни амбуланти возила, се вели во истражување спроведено од тимот на весникот „Фанпејџ“.
Приватна фирма за транспортни услуги на извесен Марко Салвати, со помош на „Камора“, обезбедила монопол за итен превоз на пациенти наплатувајќи ги услугите од десет до 20 пати повеќе од вообичаената цена.
Салвати на една мајка ѝ наплатил 500 евра за пренесување на нејзиниот болен син од куќата до болница, што предизвикало бес кај граѓаните во шпанските населби и тоа било причина весникот да почне сопствена истрага.
Со помош на скриени камери и тајно снимени разговори весникот го открил случајот на т.н. црн крст.
Во државната болница во Неапол, Салвати ја елиминирал конкуренцијата заканувајќи се со оружје, испраќајќи свои луѓе и поткупувајќи го болничкиот персонал, со цел себеси да си обезбеди работа, а весникот го документирал сето тоа.
Компанијата на Салвати спротивно на законот превезувалa починати од болница до домовите (законот дозволува починатиот да биде пренесен само на гробишта), а за таа услуга наплатувала и до 1.500 евра.
На оние што на крајот би одбиле или се побуниле поради високата цена на услугата тој им испраќал луѓе на мафијата за да ги премисли.
Советникот за регионална влада, Емилио Борели, претходно изјави дека станува збор за опасно учество во организиран криминал и го опиша сопственикот на приватниот бизнис, Марко Салвати, како лице што вознемирува и предизвикува проблеми, но дури и тоа не беше доволно за да се запрат неговите постапки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ се надева дека набргу ќе вакцинира по 3 милиони луѓе дневно

Досега 170 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19 во ЕУ, но само 30 милиони ги добиле потребните две дози. Ова го соопшти еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидис, пред европратениците од Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната.
Таа изрази надеж дека набргу на ден ќе бидат вакцинирани по три милиони луѓе во ЕУ. Производството на вакцини во Унијата се зголемува и затоа ќе биде можно „Фајзер“ да испорача дополнителни 50 милиони дози порано, додаде комесарката.
Киријакидис рече дека се водат преговори за снабдување на 1,8 милијарда дози вакцини до 2023 година. На почетокот на овој месец ЕК објави дека ќе се фокусира на идните договори за снабдување со докажани технологии засновани на месенџер-РНК. Од производите одобрени од ЕУ ваквите вакцини се произведуваат само од „Фајзер“ и „Модерна“.
Европа
Словачка протерува руски дипломати поради Чешка

Тројца вработени во руската амбасада во Братислава треба да ја напуштат Словачка во рок од една недела.
„Во согласност со моментната геополитичка состојба, како и ситуацијата во Чешка, тројца вработени во руската амбасада во Братислава мора да ја напуштат територијата на Словачка во рок од седум дена“, изјави словачкиот премиер, Едуард Хегер.
Москва изрази разочараност од одлуката на Братислава навестувајќи дека бргу ќе одговори на ситуацијата.
Прага претходно протера 18 вработени во руската амбасада поради наводна улога на Русија во експлозија во магацин со оружје во 2014 година, во која загинаа две лица. Москва одговори со враќање на 20 чешки дипломати.
Европа
Европската Унија нема да купува дополнителни 100 милиони дози од „Астра зенека“

Европската комисија нема да купува 100 милиони дополнителни вакцини против Ковид-19 на „Астра зенека“, како што претходно беше договорено.
Портпаролот на ЕК на прес-конференција рече дека рокот за спроведување на оваа опција е веќе истечен и ЕУ не планира да ја спроведе.
Комисијата нарача 300 милиони дози од вакцината на „Астра зенека“ во рамките на договорот кој предвидува 400 милиони дози, од кои набавката на 100 милиони не е задолжителна.
Европската Унија сè уште не одлучила дали ќе преземе правни мерки против „Астра зенека“ бидејќи не ги испорача договорените количини од вакцината против Ковид-19, изјави портпаролот на Европската комисија. Бриселскиот портал „Политико“ објави дека ЕК се подготвува да поднесе тужба против „Астра зенека“ повикувајќи се на пет неименувани дипломати на ЕУ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?