Контакт

Европа

Некои џогираат, некои пијат пиво, младите го окупираа познатиот милански кварт, како да нема коронавирус

Објавено пред

Четири дена по почетокот на постепеното олеснување на рестриктивните мерки во Италија, стотици млади луѓе го поплавија миланскиот кварт Навиља, во Ломбардија, најтешко погодениот италијански регион со коронавирусот, по што властите се заканија со повторна блокада.

Некои џогираат, други разговараат пиејќи пиво, како ништо да не се случило. Само четири дена по почетокот на таканаречената втора фаза во епидемијата на коронавирус, миланскиот кварт Навиља повторно е преполн со луѓе, пишуваат италијанските медиуми, додавајќи дека е сигурно дека тоа ќе се случи повторно во наредните денови.

Фотографиите направени на 7 мај, објавени од италијанските медиуми, покажуваат бројни граѓани кои се определиле за аперитив во близина на каналот во квартот Навиља, претежно без заштитни маски и без почитување на правилата на меѓусебно растојание.

Официјалните лица ги предупредија граѓаните дека ризикуваат да се вратат во првата фаза и да се заострат мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот, кој однесе речиси 30.000 животи во Италија.

Европа

Претседателските избори во Полска ќе се одржат на 28 јуни

Објавено пред

Претседателските избори во Полска ќе се одржат на 28 јуни, изјави претседателката на долниот дом на парламентот, Елзбиета Витек, поставувајќи нов датум за избори кои првично беа закажани за 10 мај, но беа одложени поради пандемијата на коронавирус.

„Многу би сакала конечно да можеме да избереме шеф на државата. Тоа е прашање на полската државност“, рече Витек во телевизискиот говор, најавувајќи го новиот датум за избори.

Изборите првично беа закажани за 10 мај, но беа откажани четири дена порано, бидејќи конзервативната влада не успеа да се согласи со опозицијата за начинот на нивното одржување, со оглед на епидемијата на коронавирус и сомнежите за нивната легитимност.

Новиот датум поставен од Витек се совпаѓа со оној што го застапуваше водачот на нејзината партија „Право и правда“  (ПиС), Јарослав Качински.

Некои аналитичари сметаат дека ПиС сакал да ги организира изборите што е можно поскоро за да се гарантира новиот мандат на сегашниот претседател Анджеј Дуда, кој е нивен кандидат.

Популарноста на Дуда се намалува со текот на времето бидејќи кризата предизвикана од пандемијата започнува да ја ослабува полската економија.

Дел од анкетите предвидуваат негов пораз во вториот круг од либералниот кандидат, актуелниот градоначалник на Варшава, Рафал Трзасковски.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија го укина предупредувањето за граѓаните да не патуваат во странство

Објавено пред

Германската влада го укинува генералното предупредување за патување во земјите од Европската Унија, како и во Велика Британија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн од 15 јуни, објави во Берлин германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас.

„Од 15 јуни, предупредувањата се укинати, се разбира под претпоставка дека ситуацијата со пандемијата на коронавирус не се менува“, рече Хаико Мас по состанокот на германската влада.

По 15 јуни се укинуваат предупредувањата кои се однесуваат за земји во кои владее опасност од тероризам или војна. Наместо тоа, се враќаат вообичаените упатства за патување во одделни земји.

Така, патувањето во Велика Британија сè уште не се препорачува поради двонеделниот карантин што е на сила таму при влегувањето во земјата.

Истото важи и за Норвешка и Шпанија, каде сè уште е на сила забраната за влез, но која, како што објасни Мас, треба да се укине по 15 јуни.

„Укинувањето на предупредувањето не значи покана за патување во исто време“, рече Мас, додавајќи дека и по 15 јуни треба да се проверуваат упатствата за патување во одделни земји.

Германскиот министер за надворешни работи предупреди дека во никој случај нема повторно да се преземе никаква акција за враќање на германските туристи од странство преку воздушни мостови, како што беше случајот во март и април годинава кога повеќе од 250.000 туристи беа префрлени во Германија од целиот свет.

За ставот кон патувањето во земји надвор од Европската Унија, германската влада ќе се разговара на една од идите седници.

Прикажи повеќе...

Европа

Папата Франциско го осуди расизмот во САД, но и насилството

Објавено пред

Папата Франциско повика на национално помирување во САД, нагласувајќи дека расизмот е исто толку неприфатлив како и уличното насилство што избувна во последните денови, опишувајќи го како самоуништувачко.

Светиот отец за првпат  зборуваше за тензиите во САД  кои траат осум ноќи по ред, поради полициското убиство на Афроамериканец.

Папата Франциско го стори тоа за време на еднонеделната аудиенција посветувајќи цел дел од својот говор на англиски јазик на ова издание.

Тој рече дека смртта на Џорџ Флојд е трагична, додавајќи дека се молел за неговата душа, како и за сите оние кои се убиени како жртви на гревот на расизмот.

Папата додаде дека е многу вознемирен од инцидентите што следуваа по атентатот на Флојд.

„Драги пријатели, не можеме да толерираме или да ги затвориме очите пред расизмот или исклучителноста во која било форма, истовремено тврдејќи дека ние ја браниме светоста на секој човечки живот“, рече папата Франциско.

„Во исто време“, додаде тој, „мора да признаеме дека насилството во текот на изминатите неколку ноќи е самоуништувачко. Со насилство не се добива ништо, а многу се губи“.

Светиот отец ги повика Американците да се молат за национално помирување и за мирот за кој копнееме и упати молитва за оние што работат во интерес на мирот и правдата во Америка и во целиот свет.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија6 минути

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија2 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет5 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа5 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет5 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет6 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа7 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион18 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет19 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет20 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија20 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија22 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија23 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија24 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија1 ден

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион1 ден

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија1 ден

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион1 ден

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет1 ден

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Досие