Контакт

Свет

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Објавено пред

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата на Израел кој најдолго останал на таа функција.

Бен-Гурион беше на чело на владата на Израел 4.875 дена, 13 и пол години, од 14 мај 1948 до 26 јануари 1954 година и повторно од ноемвеи 1955 до крајот на јуни 1963 година. Нетанјаху беше премиер од јуни 1996 до јули 1999 година, а од крајот на март 2009 година без прекин е на оваа функција.

В петок тој ќе го изедначи стажот со Бен-Гурион, а в сабота ќе го надмине и ќе влезе во историјата на Израел.

Тој според годините поминати на функцијата меѓу лидерите на земјите членки на Организацијата за економска соработка и безбедност (ОЕЦД), е трет – по Реџеп Таип Ердоган во Турција и Ангела Меркел во Германија.

Нетанјаху ја предводи преодната влада до изборите закажани за 17 септември оваа година. Тој се соочува со обвиненија за корупција. Но, законот му дозволува на премиерот да остане на функцијата сè додека не биде осуден и сите негови жалби не бидат одбиени.

Свет

Путин и Ердоган разговараа за формирање уставна комисија на Сирија

Објавено пред

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговараа за формирање на уставна комисија на Сирија која ќе изготви нов устав за земјата, соопшти Кремљ.

Разговорот бил остварен на иницијатива на турската страна.

„Во пресрет на петтиот самит на Астанскиот процес, кој треба да се одржи во септември, тие се осврнаа на прашањата поврзани со конфликтот во Сирија, вклучително и напорите за формирање на сириската уставна комисија што ја спроведуваат Русија, Турција и Иран заедно со Обединетите нации“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Прикажи повеќе...

Свет

Првата пловна нуклеарна електрана тргна на пат кон Арктикот

Објавено пред

Пловниот нуклеарен реактор „Академик Ломоносов“ денеска ќе исплови од арктичкото пристаниште Мурманск на пат долг 5.000 километри до североисточен Сибир.

Нуклеарната агенција „Росатом“ соопшти дека реакторот е поедноставна алтернатива од изградба на конвенционална нуклеарна електрана на терен, кој е замрзнат цела година.

Екологистите предупредуваат од опасноста на пловниот нуклеарниот реактор нарекувајќи го „Чернобил на мраз“ и „нуклеарен Титаник“. Предвидено е патувањето да трае од четири до шест недели во зависност од временските услови, а кога ќе пристигне во градот Певек ќе ја замени локалната нуклеарна електрана.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ го поддржа повикот на Макрон пожарот во Амазонија да биде тема на самитот Г7

Објавено пред

Европската Унија го поддржува предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон прашањето за пожарот во Амазонија да се постави на агендата на самитот на Г7 што ќе се одржи во Франција за време на викендот.

„Нашата куќа гори. Буквално гори Амазонија, белите дробови на нашата планета, кои произведуваат 20 проценти од достапниот кислород на планетата. Тоа е меѓународна криза. Членови на Г7, ќе се видиме за два дена и ќе разговараме за ова прашање“, напиша Макрон на „Твитер“.

Портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева, денеска изјави дека Комисијата е длабоко загрижена, додавајќи дека Амазонија е најголемата дождовна шума во светот каде што живее една десетина од вкупниот животински и растителен свет на нашата планета.

„Европската комисија ја поздравува иницијативата на Макрон“, рече Андреева, укажувајќи на потребата за итна акција.

ЕвропскатаУунија е подготвена да помогне и да го остапи својот сателитски систем за Бразил и Боливија, пренесе агенцијата АП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Македонија4 часа

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Македонија5 часа

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија6 часа

17 здруженија ѝ порачуваат на Владата итно да се спречи најавениот масакр на животни

„Животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест...

Македонија6 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Македонија8 часа

Заев денеска ќе ги достави до Собранието предлозите за нови министри

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места...

Регион8 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет8 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет10 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија19 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија21 час

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа24 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ1 ден

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ1 ден

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија1 ден

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Досие