Вести
Новите закани го принудија еврејските центри во САД на евакуација
Новиот бран закани упатени до еврејските центри ширум САД, кои Белата куќа веднаш ги осуди, предизвика затворање или евакуација на центрите, а сите стотина американски сенатори побараа од сојузната влада да им помогне да ја зголемат безбедноста.
Заканите се упатени телефонски или со електронска пошта до еврејските центри во сојузните држави Њујорк, Висконсин, Флорида и други, во текот на ноќта кон вторникот и рано утрото по американско време.
Белата куќа ги осуди последните антисемитски и закани упатени од омраза кон еврејските центри.
Сите стотина сенатори го потпишаа писмото кое е испратено во вторникот до министерот за внатрешна безбедност Џон Кели, државниот обвинител Џеф Сешнс, и на директорот на Федералното биро за истрага (FBI), Џејмс Коми, а во кое од нив се бара да им помогнат на еврејските заедници да ја зголемат безбедноста.
Исто така, се изразува загриженост поради низата вакви инциденти кои „загрозуваат невини луѓе и им се закануваат на финансиската одржливост на еврејските центри“.
Од FBI, кој ја води истрагата за овие и за претходните истраги, не биле достапни за коментар за Reuters.
Заканите од вторникот се продолжение, дури и откако сојузната истрага доведе од апсења минатата седмица.
Поранешен новинар, 31-годишниот Хуан Томсон е обвинет во петокот во Сент Луис дека користел лажни електронски адреси за закани со бомби за еврејските центри претставувајќи се со името на својата поранешна девојка.
Американските власти соопштија дека истражуваат повеќе од стотина закани упатени до еврејските центри и училиште преку телефон од почетокот на годинава, кои се чини немаат поврзаност со заканите на Томсон./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
