Свет
Новогодишна прослава во Њујорк под строги мерки, во градот има нагло зголемување на заразени со омикрон

На Тајмс сквер во Њујорк ќе се одржи традиционална новогодишна прослава, но според строги мерки бидејќи градот се бори со нагло зголемување на бројот на заразени со омикрон.
Просторот за публиката, кој вообичаено собира околу 58.000 луѓе, ќе биде ограничен на приближно 15.000 лица за да се овозможи поголемо растојание, а сите присутни мора да покажат доказ за вакцинација и да носат маска, рече градоначалникот Бил де Бласио во соопштението за печатот.
Дополнителните мерки на претпазливост за новогодишната ноќ на Тајмс сквер се поттикнати од брзото ширење на новиот сој омикрон во Њујорк, каде што во последните денови имаше голем број луѓе што чекаат тестирање на Ковид-19 пред здравствените установи.
Во средата градот постави уште еден дневен рекорд со 22.808 нови случаи на коронавирус.
Новиот бран на коронавирусот доведе и до откажување концерти, спортски настани и настани на Бродвеј, но градоначалникот Де Бласио покажа силна посветеност дека традиционалното спуштање на џиновската кристална топка на Тајмс сквер за Нова година ќе се одвива според планот во неговиот осумгодишен мандат, кој завршува на 1 јануари, наведуваат агенциите.
Меѓу другите најавени измени, посетителите нема да смее да влезат во просторот што им е предвиден до 15 часот, што е многу подоцна од претходните години.
Минатата година на новогодишната ноќ Тајмс сквер беше главно празен, а Џенифер Лопез и другите присутни изведувачи настапија зад полициските барикади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија распореди ракетни системи на Курилските Острови

Русија денеска објави дека дел од нејзиниот противракетен одбранбен систем Бастион е распореден на Парамушир, еден од Курилските острови во северниот дел на Тихиот Океан.
Јапонија смета дека некои од овие острови се нивна територија.
Овој потег е дел од поширокото зајакнување на руската одбрана во нејзините огромни региони на Далечниот Исток, рече министерот за одбрана Сергеј Шојгу, делумно како одговор на, како што ги нарече, американските напори да ги „задржат“ Русија и Кина.
Шојгу разговараше со највисоките руски воени лидери еден ден откако претседателот Владимир Путин и кинескиот лидер Ши Џјинпинг го зацементираа своето партнерство „без задржување“ на разговорите во Кремљ со договори за подлабока енергетска и воена соработка.
„За да ги држат Русија и Кина, Соединетите Држави значително го зголемуваат своето воено присуство во азиско-пацифичкиот регион, ги зајакнуваат политичките и воените врски со сојузниците, продолжувајќи да создаваат нова американска безбедносна архитектура во регионот“, рече Шојгу.
Шојгу рече дека системот Бастион ќе ја зајакне руската безбедност околу Курилските острови.
Јапонија, близок сојузник на САД, тврди дека четирите јужни Курилски острови биле заземени од советските сили на крајот на Втората светска војна,пренесе Индекс.хр.
Свет
Бил Гејтс ги објави предвидувања за иднината

Ко-основачот на Мајкрософт објави текст од седум страници на својот блог со наслов „Почна ерата на вештачката интелигенција“, во кој ги изложува своите ставови. Тој напиша дека вештачката интелигенција е подеднакво фундаментален како и создавањето на микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон“.
Гејтс претходно зборуваше за тоа колку е возбуден за иднината на вештачката интелигенција, имено како таа би можела да се користи како учител во образованието или да дава медицински совети на луѓе каде лекарите не се лесно достапни. Милијардерот во писмото признал и дека е загрижен за вештачката интелигенција, ризикот од луѓето да ја злоупотребуваат и можноста за суперинтелигентна вештачка интелигенција која би можела да „воспостави свои цели“.
Во писмото, Гејтс ги елаборира овие идеи нудејќи размислувања за тоа како вештачката интелигенција може да се користи и како алатка за подобрување на човечката продуктивност, но и како може да помогне за подобрување на глобалните нееднаквости – на работното место, здравството и образованието.
Работник кој е таму да ви помогне во различни задачи
Гејтс пишува за тоа како вештачката интелигенција може да се користи како „дигитален личен асистент“ за подобрување на продуктивноста на вработените – идеја за која претходно зборуваше во февруари. Вештачката интелигенција, интегрирана во дигиталните работни алатки како Microsoft Office, може да помогне во управувањето и пишувањето е-пошта, напиша Гејтс.
Тој додаде дека овие „лични агенти“ генерирани од вештачката интелигенција, опремени со огромно знаење и податоци за нивната компанија и индустрија, исто така може да бидат ресурси за комуникација со вработените.
„Како што компјутерската моќ станува поевтина, способноста на GPT да изразува идеи сè повеќе ќе личи на достапноста на работниците кои ќе ви помогнат во различни задачи“, напиша тој.
Дигитален асистент кој ќе ги преземе работните места на здравствените работници
Во здравствената индустрија, Гејтс напиша дека вештачката интелигенција може да ги ослободи здравствените работници од одредени задачи, како што се поднесување барања за осигурување, пополнување документи и составување белешки за посета на лекар.
Гејтс напиша дека за сиромашните земји, каде што „многу луѓе никогаш не одат на лекар“, вештачката интелигенција може да им овозможи на здравствените работници да бидат попродуктивни со пациентите што ги гледаат. Можно е вештачката интелигенција да помогне и во лекувањето на пациенти кои не живеат во близина на медицински установи, напиша Гејтс.
Регион
Вјоса Османи: Србија не го почитува договорот од Охрид

Косовската претседателка Вјоса Османи порача дека Косово нема да се откаже од основниот договор и дека Србија мора да почитува сè што е договорено во Охрид, пишува „Косово онлајн“.
„Српската страна не почитува ниту еден договор произлезен од дијалогот“, изјави Османи за приштинските медиуми.
„Србија и по 24 часа од средбата во Охрид, не го почитуваше договорот, како што беше случај и во февруари, што докажува дека дијалогот за неа нема никаква политичка или правна вредност. Текстот на основниот договор останува ист и не се менува, така што членот 4 од тој договор, кој ја обврзува Србија да не се противи на членството на Република Косово во ниту една организација, останува во сила“, рече Османи.