Забава
Нов вид огромен штурец наречен по премиерката на Нов Зеланд
Новиот вид огромен штурец кој не може да лета го носи името на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.
Новиот вид инсект ендемичен за Нов Зеланд се нарекува „Hemiandrus jacinda“ поради црвената боја и долгите екстремитети.
Hemiandrus jacinda: insect named after New Zealand prime minister https://t.co/cyLK1r4HxD
— The Guardian (@guardian) March 12, 2021
Стивен Трувик, професор по еволутивна екологија на универзитетот Мејси и тимот научници кои го пронајдоа штурецот велат дека инсектот има некои карактерни црти на премиерката.
Кабинетот на премиерката објави дека таа слушнала за веста и дека е многу почестена.
По Џасинда Ардерн е именувана мравка од Саудиска Арабија како и еден лишај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Македонската естрада се збогува со Зоки Фаци
Македонската естрада преку социјалните мрежи се збогува со новинарот Зоран Василевски – Зоки Фаци.
Тој почина утрово по долга борба со ракот.
Како што објави на социјалните мрежи неговиот пријател и соработник, Стефан Лазаров, погребот ќе биде в недела во 12:00 часот во црквата Св.Никола во Катланово, а во 13:00 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.
Забава
Почнува шестото издание на Андерфест во МКЦ, најавени шест добро познати бендови
Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи денеска со почеток од 20:00часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава.
За шестиот Андерфест организаторите најавија шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. На Андерфест 6 ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction, и Foolish Green.
Еден од врвните приоритети на фестивалот сеуште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава.
Забава
(Видео) Кралицата на Ноќта на вештерките, Хајди Клум и оваа година воодушеви со својата маска
Хајди Клум успеа повторно да изненади со нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.
Поранешната манекенка, која ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките, организирала забава во Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц дојдоа облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година. Режисер на филмот е Стивен Спилберг.
Хајди ги покажа нивните костими на Инстаграм. Претходно на своите следбеници им порача дека „никогаш нема да погодат“ што им подготвува оваа година.