Свет
Нов Зеланд го отстрани споменикот на контроверзниот колонијалист
Новозеландскиот град Хамилтон денес го урна споменикот на колонијалниот командант по кого го именува градот придружувајќи им се на поголем број места во целиот свет кои на тој начин се справуваат со своето минато.
Кранот ја крена бронзената скулптура на капетанот Џон Фајн Чарлс Хамилтон од градскиот плоштад по барање на локалните Маври и заканите од демонстрантите против расизам дека ќе го урнат.
Градскиот совет на Хамилтон рече дека отстранувањето на споменикот е делумно резултат на притисокот за отстранување на монументалното наследство, кое претставува културна дисхармонија и угнетување.
„Знам многу луѓе – всушност, поголем број – кои споменикот го доживуваат и лично и културно навредливо“, рече градоначалничката Паула Саутгејт.
„Не можеме да го игнорираме она што се случува во целиот свет, ниту треба во време кога се обидуваме да градиме толеранција и разбирање… Мислам дека споменикот не помага да се премостат тие пукнатини“.
Хамилтон бил поморски командант кој се борел против домородните Маври, кои ја бранеле својата земја од британската колонијална експанзија во 19 век.
Тој бил убиен во битка во 1864 година кога група Маври во тврдината успешно се бранеле од британската армија и артилерија и покрај фактот дека биле многу помалобројни.
Споменикот му беше дониран на Советот во 2013 година и беше отстранет по официјалното барање од регионалното племе Ваикато-Таинуи.
Спомениците и имињата на места што величаат фигури, како што се робовладетели или колонијални воени фигури, беа ставени во прашање во целиот свет по масовните протести против расизмот предизвикани од полициското убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

