Свет
Нов разорен земјотрес ја погоди Турција
Турција повторно беше погодена од разорен земјотрес, со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, само неколку часа по катастрофалниот земјотрес.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од два километри, на 13 километри јужно од Елбистан.
Турција рано утринава околу 04:17 часот беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а беше почувствуван и во Сирија каде како и во Турција има стотици загинати и повредени.
Бројот на жртвите се менува од минута во минута и веќе надмина илјада мртви и неколку илјади повредени во двете земји, а социјалните мрежи се преплавени со ужасни видеа од уништените градови, на кои одекнуваат криците на заробените луѓе кои повикуваат на помош.
Како што рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, само во Турција досега се пронајдени 912 жртви, додека 5.383 лица се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
