Свет
Нов и досега непознат коронавирус откриен во Јапонија
Маж, кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари, бил заразен со нов вид коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство на Јапонија наведувајќи дека ова е прв случај од ваков вид.
Досега непознатиот вид коронавирус се разликува од сојот пронајден во Велика Британија, Јужна Африка и во Бразил, но се верува дека ја претставува истата закана како онаа на досегашните три многу заразни видови.
Според Министерството за здравство, човекот има над 60 години и пристигнал на аеродромот „Нарита“ во близина на Токио на 25 февруари, а станува збор за асимптоматски случај.
Тој бил позитивен на тестот кога го поминувал карантинот на аеродромот.
Националниот институт за инфективни болести повика на посилна контрола на границите во обид да се запре ширењето на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

